ЗНМ: Груевски да ги вразуми и смири неговите следбеници
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 16:35
Од Здружението на новинари на Македонија реагираат дека кукавички е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да ги инструментализира младите за извршување на валканите работи изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси.
Оваа реакција следи откако новинарот Борјан Јовановски вчера беше исплукан од непознати млади лица додека седел во една скопска кафеана. Претходно во неговиот дом беше вознемируван и новинарот Бранко Тричковски.
„Го повикуваме Груевски да престане со ширење на говор на омраза, што поттикнува насилство и да ги вразуми и смири неговите следбеници“ - стои во реакцијата на ЗНМ.
Според ЗНМ, ова е директен напад врз слободата на изразување. Тие сметаат дека кампањата на застрашување и понижување на новинари ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на Груевски, кој минатата недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците.
Со слична реакција излезе и новинарскиот синдикат. Оттаму велат дека вербалното насилство во континуитет промовирано од власта почнува да метастазира во состојба во која новинарите и медиумските работници веќе не се сигурни ниту на работното место ниту во својата приватност.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




