Зоран Илиоски: Србија нека се расправа со светот кој го призна Косово - Зошто Дачиќ не ги прекине односите со нив?
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017 08:00
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски се обиде да му возврати на српскиот министер Дачиќ за непримерните изјави против Македонија, особено за прашањето за признавањето на Косово кое е сторено од ститна земји во светот.
„Бидејќи Дачиќ стана љубител да дава изјави за Македонија еве и од мене неколку прашања:
Зошто вака не се пресметуваат како со Македонија со сите земји што го признаа Косово, како на пример Америка, Германија, Англија, традиционално пријателската Франција, Италија со која имаат заеднички седници на Влада, Холандија, Белгија, Шведска, Канада, Австралија, итн итн.. Сите тие многу пред Македонија го признаа Косово, гласаа за негов прием во УНЕСКО, а некои од нив и лобираа кај други држави да го сторат истото.
Еве Дачиќ нека одговори кој ја прашува Македонија зошто седи во УН, ОБСЕ и слични, зошто тој како МНР на Србија не ги прекине дипломатските односи со 134 земји во светот кои го признаа Косово, и зошто со сите овие земји Дачиќ има средби?
Зошто преговара со ЕУ за членство кога знае дека 80% од земјите на ЕУ го признаа Косово?
Зошто Дачиќ на некои меѓународни конференции со својот талент за пеење и хумор на свечените вечери го развеселува премиерот на Албанија Еди Рама, земја која се смета за матична држава на сите Албанци?
Зошто се труди да има добри и државни и пријателски односи со Меркел, со Оланд, Меи и нивните МНР, земји кои во првата група на земји го признаа Косово?
Зошто баш сега пред претседателските избори во Србија му текна да се конфронтира само со помалите држави во Европа како Македонија или Црна Гора, а не и со другите гореспоменати?
Дали Дачиќ се плаши истите негови изливи на шовинизам да ги изрази кон другите 134 земји и особено со најголемите сили?
Дачиќ може да најде и подостоинствен начин да им се претстави на српските граѓани како храбар патриот пред неговата кандидатура за Претседател на Србија“, напиша Илиоски на својот Фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




