19 Декември, 2025
0.0523

Зошто акцијата на „Алкалоид“ е јака како државна обврзница?

Објавено во: Финансии 29 Јули, 2021 19:16

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ е најголемиот македонски економски амбасадор повеќе од дваесет години наназад. Контиуниран раст на производство, ширење на пазарите, интензивни и непрекинати вложувања во човечки ресурси и техонологија. Сето тоа резултира со редовни добивки кои растат од година во година и се лесно предвидливи и целосно остварливи, а дивидендата – неизбежна како гарантирана камата на државна обврзница само повисока. Општествено одговорна компанија која е пример за многу други. Сето ова резултира со довербата која ја има акцијата на „Алкалоид“ кај инвеститорите. Едноставно кажано – таа има рејтинг и статус на државна обврзница!

Континуиран раст на приходи од продажба низ годините, зголемување на  пенетрација на освоени странски пазари и отварање нови, добивка која постојано расте и е лесно предвидлива и сигурно остварлива. Сите овие карактеристики ги има акцијата на „Алкалоид“ – македонскиот фармацевтски гигант и гордост на нашата национална економија. 

За првите шест месеци годинава оваа компанија, според официјалните податоци од консолидираниот финансиски извештај, оствари раст на приходите од продажба за 3 отсто – тие достигнаа 102 милиони евра. На домашниот пазар пласманите пораснаа за 7 отсто, достигнаа 35,7 милиони евра, а извозот за 1 отсто до ниво од 66,3 милиони евра.

Оперативната добивка на компанијата надмина 11 милиони евра, а нето добивката за првите шест месеци изнесува 9,5 милиони евра што е за 14 отсто повеќе од истиот период лани.

Повеќе информации за остварувањата на македонскиот финансиски гигант на следниот линк https://faktor.mk/otvoreni-121-novo-rabotno-mesto-vo-alkaloid-vo-prvoto-polugodie---profitot-na-kompanijata-porasna-za-14-otsto

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани