Зошто банките се најпосакувани акции на Македонската берза?
Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2017 07:56
Звучи фантастично, но македонските инвеститори за 28 трговски
дена вложиле повеќе од 2,1 милиони евра кеш пари во акции на четири банки:
Комерцијална, Стопанска, НЛБ и на Охридска банка. Се очекуваат солидни
дивиденди?! И дали конечно имаме тенденција во која вложувањата во акции на
банки ги заменија вложувањата во депозити во банките?
Официјалните податоци за остварените тргувања од почетокот на годинава
досега покажуваат дека акциите на четири банки котирани на Официјалниот пазар
се меѓу петте најтргувани акции на нашата берза! Заедно имаат промет од 135,2
милиони денари.
Убедливо најтргувана акција е „Комерцијална банка“, а друштво и прават НЛБ
Скопје, Стопанска банка Скопје и Охридска банка. Во петте најтргувани акции од
производствените компании се наоѓа само „Алкалоид“.
Колкав е прометот на банкарските акции во однос на прометот на најтргуваните 10 акции?
„Комерцијална банка“ е најтргуваната акција од почетокот на годинава досега. Нејзниниот промет е безмалку еден милион евра односно 61 милиони денари. Истргувани се над 20.400 акции во ценовна маргина од 2.860 денари до 3.080 денари. Важно да се истакне е тоа што за овој период се истргувани околу 0,9 отсто од сите акции на оваа банка што значи солиден обем на тргување остварен во период од вкупно 28 трговски дена. Грубо пресметано, според оствареното во овој период пазарната вредност на „Комерцијална банка“ е околу 100 милиони евра.„Алкалоид“ е на второто место со промет од 27 милиони денари за безмалку 5.000 акции што е 0,35 отсто од сите акции. Прометот е остварен во ценовна маргина од 5.351 денари до 5.600 денари за акција. За нијанса позади најголемата фармацевтска компанија е НЛБ Скопје со промет од 26,79 милиони денари за 2.741 акција. Прометот е остварен во трговска маргина од 9.050 денари до 10.200 денари за акција. Тука е важно да се истакне дека се истргувани повеќе од 3 отсто од вкупно 13 отсто колку што вкупно има на понуда слободни акции во таа банка затоа што другите ги поседува големиот акционери Нова Љубљанска банка.
Следува „Стопанска банка Скопје“ со промет од 24,07 милиони денари за 27.335 акции со право на глас тргувани во маргина од 766 до 935 денари за акција. На петтото место е акцијата на Охридска банка со промет од 23,46 милиони денари за 5.096 акции тргувани во маргина од 3.900 до 5.342 денари за акција. Истргувани се повеќе од 1 отсто од сите акции (подобар скор од Комерцијална банка) и повеќе од 10 отсто од сите слободни акции (со оглед на тоа дека францускиот акционер поседува 70 отсто од сите акции со право на глас).
Да резимираме, во периодот од почетокот на годинава во 10 февруари македонските инвеститори (кои се најголеми купувачи на акции во овој период) инвестирале вкупно 198,5 милиони денари во десете најтргувани акции. Од тоа само во акциите на четирите банки се вложени 135 милиони денари!
Зошто акционерите вложуваат во акции на домашните банки?
Одговорот е едноставен: затоа што очекувањата од акциите на банките се најголеми и затоа што шансите за да добијат дивидени се најголеми. Воедно се очекуваат и поголеми дивидендни приноси во однос на другите акции. По објавата на годишниот резултат за лани многу акционери се сигурни дека „Комерцијална банка“ ќе даде дивиденда која во нето износ ќе биде од 150 до 200 денари за акција. На оваа берзанска цена тоа е многу подобар принос од годишна каматна стапка во денари, а да не зборуваме за влог во евра или долари. НЛБ банка веќе подолг период доделува дивиденда, а во среднорочниот план има декларативна најава дека банката планира да дели дивиденди. Стопанска банка Скопје ги изненади многу пријатно акционерите со поделената дивиденда кон крајот на 2016 година. Солидното работење во 2016 ги зголеувања очекувањата таа банка да продолжи да дели дивиденда што таа акција ќе ја прави посакувана и во иднина. Охридска банка исто така бележи солидни резултати од работењето, а веќе има историја да дели дивиденда.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





