07 Октомври, 2024
0.0273

Зошто испари добивката на „Фершпед“

Објавено во: Економија 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Компанијата успешно ги кастри финансиските трошоци кои произлегуваат од намалената кредитна изложеност. Од оперативното работење заради растот на услугите со карактер на материјални трошоци – повисок од растот на приходите од продажба компанијата има послаба добивка во споредба со профитот за истиот период лани

Најголемата домашна шпедитерска компанија „Фершпед“ за првите шест месеци ги зголеми приходите од продажба, но заради големиот раст на трошоците книжи пониска добивка од лани за 38 отсто, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех. Можеби најдобра вест за акционерите на оваа голема компанија е тоа што „Фершпед“ успеа значајно да ги намали трошоците за камати на кредити и да ги намали износите што ги должи по основа на краткорочни и на долгорочни заеми.

Приходите на компанијата за првите шест месеци изнесуваат 27,9 милиони евра, а од тоа приходи од продажба се 27,8 милиони евра. Тие се за 0,9 милиони евра повисоки во споредба со лани односно бележат раст од 3 отсто. Продажбата на домашниот пазар е речиси иста како лани и изнесува 25,7 милиони евра. Значаен раст книжи продажбата на странски пазари иако таа зазема многу мал дел од вкупната продажба затоа што изнесува 2,13 милиони евра. Инаку продажбата на услуги ви странство пораснала за 2,3 пати во однос на истиот период лани.

Најголем „виновник“ за падот на добивката се услугите со карактер на материјалните трошоци. Тие годинава изнесуваат 19,79 милиони евра и во однос на истиот период лани се повисоки за 1,66 милиони евра односно за 9 отсто. Тука само да потсетиме дека во истиот период приходите од продажба пораснале за 0,9 милиони евра. Трошокот за вработените годинава е зголемен за 7 отсто во однос на лани и изнесува 1,7 милиони евра што е 113.000 евра повеќе од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата е неполни 700.000 евра што е пад од 43 отсто во споредба со лани.

Најсветол момент во билансот е состојбата со давачките за камати односно финансиските расходи кои се преполовени во споредба со лани и изнесуваат 40.000 евра. За сметка на тоа пораснале финансиските приходи кои изнесуваат 211.000 евра и се повисоки за 48 отсто. Солидно намалување има на изложеноста на компанијата по однос на кредити. Кај краткорочните заеми „Фершпед“ на крај на јуни должи 1,35 милиони евра и тоа е 27 отсто помалку од лани. Кај долгорочните кредити изложеноста е 970.000 евра и тоа е за 37 отсто помалку од истиот период лани. Вкупните обврски лани имаат намалување од 2 отсто и изнесуваат 10,3 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

НАЈАВИЈА ИЗГРАДБА НА НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС - во Белград на вода ќе никнат уште пет осумкатници, еве која е големината на становите

Значителен пад на извозот од Македонија

Значителен пад на извозот од Македонија