Зошто каматниот ризик е во фокусот на банкарите?
Објавено во: Финансии 23 Септември, 2014 08:32
Од сите ризици со кои се соочуваат банките, ризикот кој привлекува најголемо внимание е каматниот ризик.
пишува Снежана Мачковска, Стопанска Банка Битола
Секој ризик претставува сам по себе директно или индиректно негативно влијание врз добивката, активноста, односно остварување на крајната цел на банките. Ризикот од промена на каматните стапки во портофолиото на банкарските активности претставува ризик од загуба која што произлегува од неповолните промени на каматните стапки, гледано од страна на Банката. Ризикот од намален профит кој произлегува од промена на висината на каматните стапки претставува каматоносен ризик за банките. Промените на пазарните каматни стапки влијаат на профитабилноста на банките преку зголемувањето на трошоците на паричните средства, намалувајќи ја вредноста на нивните сопственици. Изложеноста на банките на овој вид на ризик произлегува од тоа што најголем дел од билансните позиции генерираат приходи и расходи кои произлегуваат од промената на висината на каматните стапки. Промената на висината на каматните стапки на пазарот има влијание врз висината на каматната маргина во позитивен или негативен правец. Каматниот ризик е можност да настане негативен ефект на финансискиот резултат на банките поради промена на висината на каматните стапки. Оттука, банките се должни да постојано ја држат во рамнотежа активата и пасивата и ефикасно да управуваат со пазарните ризици и каматниот ризик, како еден од нив. Банките се должни со својата внатрешна политика да дефинираат посебни мерки и процедури со кои ќе ги идентификуваат и управуваат со овој вид на ризици. Основна мерка за каматен ризик претставува однос меѓу ставките на страната на активата и на страната на пасивата осетливи на промена на каматните стапки. Тој однос всушност ја одразува подготвеноста на банките да прифатат одредено ниво на ризик во поглед на предвидување на идното движење на камaтните стапки на пазарот особено во период кога има високи осцилации на пазарните каматни стапки. Во насока на минимизирање на изложеноста на каматен ризик, а поради тешкотијата за предвидување на идното движење на каматните стапки, некои банки постојано вршат преструктуирање на билансните позиции на страната на активата и пасивата. Ризикот од промена на каматните стапки може да се изрази во два облика и тоа ризик доколку се поаѓа од различна основица при утврдување на висината на каматните стапки на депозитите и пласманите и ризик кој произлегува од временско несовпаѓање на роковите во кои можи да дојди до промена на каматните стапки. Постојат и повеќе модели кои ги користат банките за согледување на ефектот од промена на каматните стапки, зависно од тоа која банка за кој модел ќе се одлучи, но најкористено од сите се покажало разгледувањето на разликите во висината на каматните стапки во различна рочна структура. Статистичкиот показател на осетливоста на каматните стапки ја разгледува различната позиција на активата и пасивата и пред се кредитите и депозитите како најосетливи билансни ставки на промената на каматните стапки. Разгледувањето се врши месечно, квартално, полугодишно, годишно итн. зависно од потребата. Всушност се квантифицира како промената на каматните стапки влијае на нето-приходот од камата. Разликата меѓу активата и пасивата со промените на каматните стапки се нарекува каматна позиција или диспаритет. Доколку пласманите со променлива каматна стапка, во периодот што се разгледува, на страната на активата се поголеми од обврските со променлива каматна стапка на страната на пасивата, станува збор за позитивен диспаритет. И обратно, доколку обврските со променлива каматна стапка на страната на пасивата се поголеми од средствата со променлива каматна стапка на страната на активата, станува збор за негативен диспаритет, што е понеповолна состојба во која можи да се најдат билансните позиции на банката. Неутралниот диспаритет постои при изедначени позиции на средствата и обврските на страната на активата и пасивата, како најсензитивни позиции од влијанието на движењето на каматните стапки на пазарот. При постоење на позитивен диспаритет со пораст на каматните стапки расти и нето-приходот од камата и обратно со пад на каматните стапки се намалува и нето-приходот од камата. При постоење на негативен диспаритет порастот на каматните стапки условува пад на нето-приходот од камата и обратно падот на каматните стапки условува зголемување на каматната маргина. При неутралниот диспаритет висината на каматните стапки не влијае на висината на каматната маргина. Од се погоре наведено следи дека многу фактори ја условуваат ситуацијата, односно какви се условите што ги нуди пазарот, во кој правец се движат каматните стапки, какви се билансните позиции на банката и други фактори ... сепак од умешноста и политиката на банката зависи како таа ќе се справува со управување со каматниот ризик.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





