04 Декември, 2024
0.0369

Зошто кредитно животно осигурување?

Објавено во: Финансии 18 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Кредитното животно осигурување се уште не е доволно пробиено на нашиот пазар и се уште на овој инструмент се гледа со голема доза на несигурност и недоверба. Во дел од балканските земји, пак веќе бележи значаен развој. Во развиените земји од Западна Европа поседувањето на полиса за животно осигурување се смета за потреба која семејството мора да ја има  и повеќе од 70% од населението ја поседува. Во Македонија овој процент се движи околу 5%. пишува: Снежана Мачковска, Стопанска банка а.д. Битола Нови кредитни линии, специјализирани „гратис“ картички, електронско банкарство, кредитно животно осигурување ... ова се само дел од финансиските новитети со кои банките се обидуваат да ги задоволат  потребите обострано, односно да одговорат брзо на се поголемите потреби за итни пари на клиентите, а сепак да го осигураат своето портфолио и да го намалат кредитниот ризик на таквите пласмани. Новите генерации преферираат брз живот и оттука потребата од итно обезбедување на финансиска инјекција, која најчесто се пристапува да се добие преку банките. Од друга страна пак наспроти зголемената потреба на средства, се појавува тенденцијата од се почесто кредитирање на што поголеми „необезбедени“ пласмани. Не само што потребата на клиентите го налага тоа, од една страна, не можејќи да најдат соодветно обезбедување, зголемената конкуренција доведува до уште поголема трка во банкарскиот сектор, од друга страна. Тоа доведе до забрзано олабавување на стегите на банкарскиот сектор, со цел секоја учесничка банка на пазарот да придобие што поголем дел од пазарот. Сето тоа го зголемува кредитниот ризик и ризикот од неплаќање и ненавремено враќање на кредитните линии. Хипотекарниот пазар како еден од начините да се обезбедат банките од ризични големи пласмани се одржува веќе со децении.  Претходните неколку години сите ние бевме сведоци на големата Хипотекарна криза која што го зафати светот. Тешкиот излез од кризата го поучи светот за преземање ригорозни мерки за враќање на стабилноста во банкарскиот сектор. Големо внимание се посвети на потребата од дефинирање конкретни и посигурни стандарди за евалуација на недвижните/подвижните имоти кои ќе служат за обезбедување на банкарските кредитни линии, како и на алтернативни методи за обезбедување. Како понов тренд кој што се пробива на Балканскиот простор, а одамна опстојува на просторот на САД и ЕУ, е животното осигурување. Тоа покрај другите големи придобивки што ги има, е и можноста за сигурен гарант во областа на кредитирањето, особено  кога станува збор за кредитирањето на физичките лица, а поретко и за корпоративното кредитирање, кое не е предмет на разгледување во оваа анализа. Полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност - осигурување и заштеда. Сите вложени средства во полисата се повратни, после истекот на одреден временски период, вклучително и каматата што може да се добие на истите. Оттука, има и штеден и инвестициски карактер. Покрај тоа што е еден од најсигурните методи на штедење, на страната на клиентот што ја купува оваа полиса има и бројни други бенефити. Потребата од дополнителни финансиски средства при  стапување во брак и планирање на семејството, школување на децата или промена на висината на примањата дава чувство на безбедност и можноста за брза финансиска интервенција  го обезбедува чувството на сигурност, дека во секој момент  клиентот е заштитен со негово обесштетување и на неговата фамилија во случај на настаната несреќа, незгода, болест или во краен случај смрт. Станува јасно дека покрај тоа што сите овие придобивки се корисни на страната на клиентот кој ја купува полисата, особено се корисни за обезбедување во банкарскиот сектор кога истот  тој клиент  пристапува кон добивање на кредит. Имено, најголем дел од истите овие придобивки се и придобивки и за Банките. Во случајов кога би станувало збор за кредитно животно осугурување, всушност Банката кредитира клиент со обезбедување Полиса за животно осигурување. Имено и Банката и клиентот се задоволни од двојните придобивки што полисата ги носи и во секој момент се сигурни и обезбедени за наплата. Во случај на настаната несреќа, незгода, болест, смрт, намалени месечни примања или губење на месечните примања или било каков и да е друг случај кој ќе го попречи навременото плаќање и враќање на земените кредити кон Банката, се обезбедува сигурна наплата преку животната полиса. Оттука и семејството на клиентот е заштитено, неговата работна организација која можеби презела обврска за покривање на достасаните обврски или пак во краен случај се заштитени дури и страндардните методи  на обезбедување на кредитите (жирантите, заложните должници, хипотеката на движен/недвижен имот итн.) во случај кога постои алтернативен метод на обезбедување - Полиса за животно осигурување. Како тренд се уште не е доволно пробиен на нашиот пазар и се уште на истиот се гледа со голема доза на несигурност и недоверба. Македонија е една од последните земји каде навлегува овој концепт на животно осигурување. Во дел од балканските земји веќе бележи значаен развој, додека во нашата земја се уште е на незадоволително ниво. Во развиените земји од Западна Европа поседувањето на полиса за животно осигурување веќе се смета за потреба која семејството мора да ја има  и повеќе од 70% од населението ја поседува. Во Македонија овој процент се движи околу 5% и затоа се уште тешко е да се утврди како ќе се одвива прифатливоста од страна на населението за полисата свесно да ја користат, а потоа како оние што ја поседуваат, така и банките да ги црпат алтернативните придобивки од истата. Дали ќе бидеме сведоци на новиот тренд - кредитно животно осигурување кое ќе ги замени стандардните методи на обезбедување, останува времето да покаже!  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра