02 Декември, 2024
0.0264

Зошто животното осигурување станува се поатрактивно за македонските граѓани?

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со годишен раст на премијата преку 20%, 2012 година е oценета како најуспешна година во работењето на Кроациа Осигурување – Живот. Компанијата во услови на зголемена конкуренција на пазарот на животно осигурување во Македонија  има пазарен удел од 44%. Вилма Учета Дузлевска,  извршен директор во Кроација осигурување-живот, во интервју за Фактор открива дека осигурувањето на животот допрва ќе се развива, а дека главна причина за тоа се придобивките од овој финансиски инструмент, кој во истовреме е и осигурување и заштеда! Фактор Животното осигурување статистички остварува најголеми стапки на пораст во индустријата. На што се должи тоа? Учета Дузлевска Развојот на животното осигурување во Република Македонија е во фаза на реален подем. При согледување на причините за ваквата појава, сигурно дека најголем дел треба да ги побараме во недоволната искористеност на потенцијалот за развој на животното осигурување на македонскиот пазар во изминатите години. Клучни фактори за развој претставуваат и зголемената понуда на производи, новите субјеки на пазарот на животно осигурување, но и поставената регулатива од страна на надзорната Агенција. Иако веќе петта година по ред животното осигурување расте со двоцифрени стапки, учеството во вкупната осигурителна премија е сеуште под 8% што претставува  меродавен показател дека најголем дел од пазарот е се уште неискористен. Фактор Кои се придобивките од полисата за животно осигурување? Учета Дузлевска Полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемении за вкалкулирана каматна стапка која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишуваме секоја година. Имајќи предвид дека воспоставениот пензиски систем е неодржлив на долг рок, полисата за животно осигурување е вистински одговор во што треба да се штеди за мирна старост: како клучни конкуренти на полисата за животно осигурување се наметнуваат вложувањето во банки, инвестициски фондови и пазарот на капитал. Сепак, вистинското конкурентно опкружување за овој производ не е развиено, бидејќи речиси и да не постои друг производ кој овозможува долгорочно и пензиско штедење, притоа покривајќи ризици од појава на болест или несреќен случај. Во портфолиото на производи кои ги нуди Кроациа Осигурување - Живот  индивидуалното животно осигурување е производ кој македонските граѓани најмногу го бараат. Би издвоила уште два производи  кои се наменети за правни лица и се единствени на нашиот пазар во поглед на  придобивките кои ги нудат: Колективно животно осигурување, кое на работодавците им нуди можност за заштеда, додека на осигурениците можност за дополнителна сигурност и Пакетот лојалност, каде што работодавците можат да заштедат и истовремено да ги задржат најдобрите вработени во рамките на својата компанија. Фактор Успеа ли поголемата конкуренција со две нови компании за животно осигурување да го размрда пазарот? Учета Дузлевска Животното осигурување е придвижувач на целиот осигурителен пазар. Со заздравувањето на макроекономските показатели, животните осигурувања би требало да ја превземат водечката позиција во вкупната премија од осигурување. Либерализацијата на пазарот на осигурување кај нас е неопходен услов за развој, но и здраво работење на секторот. Зголемената конкуренција директно влијае на пазарниот удел, цената на производите и активностите на компаниите. Сепак, услов за зголемената конкуренција да ги даде позитивните резултати кои се очекуваат од неа е да биде следена со стабилност на валутата, стабилен раст на БДП, даночни олеснувања при животното осигурување и регулираност на пазарот. Факт е дека позади нашиот бренд се препознаваат милиони задоволни клиенти, но и 129 години традиција. За нас, како компанија, зголемувањето на конкуренцијата е предизвик, но и поттик да ги потврдиме нашите квалитети пред другите. Животното осигурување не е одлука за еден ден или година. Тоа е догорочна стратешка одлука за финансиска сигурност на осигуреникот и на неговото семејство. Погрешно е доколку со продажбата на полисата за животно осигурување престане комуникацијата со осигуреникот. Кога некој ќе одлучи да Ви даде доверба десет или повеќе години тогаш треба да знаете како да ја оправдате. Помеѓу нашите осигуреници препознатливи сме по современите услуги кои ги нудиме но и по брзата информација, брзата реакција и брзото решавање на штети. Во осигурителниот бизнис не постои рекламна порака или маркетинг кампања која може да даде толку силен ефект како брзо и квалитетно решена штета. Фактор Како ја оценувате 2012 година од аспект на работењето на Вашата компанија? Учета Дузлевска Изминатата година, имајќи ги во предвид значителниот раст на премијата, порастот на бројот на нови Осигуреници, но и квалитетниот приход од вложувањата на средствата од капиталот и резервите, е оцената како најуспешна од постоење на Компанијата. Со значителен пораст на премијата во 2012 година можеме нескромно да забележиме дека Кроациа Осигурување – ЖИВОТ е лидер во продажбата на полиси за животно осигурување на македонскиот пазар. Фактот што дури 57% од вкупните продадени полиси за животно осигурување во 2012 година се издадени од нашата Компанија јасно говори дека македонските граѓани не препознаваат како стратешки партнер во донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Компанијата во 2012 година успеа да го зголеми и својот пазарен удел на 44% иако на пазарот животно осигурување нудат четири Компании, еднакво добри европски брендови како и нашиот. Но, она што не издвои од останатите, а македонските  граѓани го препознаа, е вистинската посветеност кон осигурениците, највисока гарантирана исплата, лидер во иновативност на осигурителниот пазар и квалитетен и праведен систем на решавање на штети. Според прелиминарните податоци, 2012 година Компанијата ќе ја заврши со пораст на добивката од преку 30% во споредба со 2011 година и најголем дел од истата ќе се препише на нашите Осигуреници како можност која е предвидена во нашите Договори за осигурување, а која Кроациа Осигурување – ЖИВОТ ја спроведува веќе петта година по ред. Фактор Планирате ли да понудите нови производи за да освоите што повеќе клиенти? Учета Дузлевска Иновацијата е наша стратешка определба. Иако веруваме дека класичното животно осигурување секогаш ќе го има водечкото место во нашето портфолио, постојано работиме на унапредување на понудата и приближување до преференците на клиентите и потребите на пазарот. Во 2013 година планираме да воведеме 2 (два) нови производ Ризико плус и Гарант. Дополнителна новина која ќе ја воведеме е и новиот Cro link, линкуван производ кој ќе ги спои бенефициите на нашата компанија и банка. 2013 ќе биде вистинска револуционерна година за нашата Компанија. Покрај целосната реорганизација која ја поставивме пред крајот на 2012-та и со која започнуваме регионално ширење низ градовите во Р. Македонија, основавме Кроациа едукативна Академија преку која ги поставивме темелите на посериозен пристап кон градење на интерна продажна мрежа но и преку која значително ќе влијаеме на порастот на свеста за животно осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Веќе од средината на Февруари ќе ја официјализираме соработката со реномирана македонска банка при што ќе понудиме уникатен производ, за кој морам да признаам дека сме посебно горди бидејќи е новитет кој досега не беше присутен ниту на нашиот ниту на регионалните осигурителни пазари. Ова е година во која Компанијата целосно ќе мигрира на нов информатички систем со што значително ќе се реформира целокупниот систем на оперативно работење, а се со цел да понудиме единствена брза услуга на нашите клиенти но и да се подготвиме навреме за сите предизвици кои ни ги носи новата регулатива на Солвентност 2.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!