19 Декември, 2025
0.0533

ЗОШТО НЕ БЕШЕ МОЕТО БЕБЕ ПРИМЕНО ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ НА КЛИНИКАТА? Таткото на седуммесечното бебе најави тужба

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025 11:12

Добивај вести на Viber

По изјавата на министерот за здравство, Арбен Таравари, дека нема лекарска грешка во случајот со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје кон средината на декември, родителите родителите се гневни и најавија тужба против клиниката. Тие настојуваат во нивните тврдења дека бебето го однеле на време и побарале лекарска помош во Клиниката за детски болести кога нивното синче имало само блага температура и осип по кожата.

„Мене ми е тешко тоа што во понеделникот јас кога го однесов детето со многу мала температура и осип на телото тие нас не пуштија дома. Зошто тогаш детето не го хоспитализираа и не викнаа специјалисти од други клиники за да испитаат што е проблемот? Јас ги прашував што е проблемот, а тие ми велеа ќе му помине, температура е“, вели Влатко Трпкоски, кој го изгуби седуммесечното бебе

Министерот Таравари, на вчера изјави дека го прочитал извештајот за случајот и дека „за среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка“.

Сепак, родителите на бебето се гневни на оваа изјава и сметаат дека нивното дете не било навремено хоспитализирано, што довело до трагичниот исход.

Причината за смртта на бебето треба да ја утврди обдукцијата, а јавноста очекува дополнителни информации од надлежните институции.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата