Зошто некои пациенти полесно, а други потешко се борат со коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Август, 2020
Научниците ја решија најголемата мистерија поврзана со коронавирусот.
Истражување работено со заболени од коронавирусот покажува дека нашиот имунолошки систем поинаку реагира на оваа болест од вообичаено.
Имунолошкиот систем кај некои пациенти реагира сосема невообичаено, па кога одредени молекули и клетки не може да се изборат со вирусот, телото ги вклучува сите одбранбени механизми што му се на располагање.
Таквата неконтролрана реакција може да ги оштети здравите ткива, објави „Њујорк тајмс“.
„Видовме само некои сосема чудни работи во разни стадиуми од инфекцијата“, вели Акико Ивасаки, имунолог од Универзитетот „Јејл“ и автор на една од новите студии.
Почетната реакција, односно воспалението поради инфекцијата, не престанува дури и кога повеќе не е потребно.Болеста трае подолго бидејќи вирусот е во состојба да го измами нашиот имунолошки одговор. Поради тој аларм, кој не престанува, нашето тело силно реагира и истовремено се напаѓа сам себе.
„Тоа е енигма. Имате силен одговор на имунолошкиот систем, а вирусот сепак се размножува“, вели Авер Огаст, имунолог од Универзитетот „Корнел“.
Имунолошкиот систем не умее да го пронајде вистинскиот пат до вирусот и да го нетурализира. Тоа се пренесува и на Б и Т-клеките, кои треба да соработуваат и да се борат против болеста.Експертите сметаат дека проблемот изгледа е во тоа што кај потешко заболените пациенти телото се однесува како да е нападнато од некаков паразит.
Се истражува и потеклото на вирусот.
Во Кина вирусот стигнал од Еквадор.Властите во градот Вуху денеска откриле дека пакетите со замрзнати морски ракчиња од Еквадор биле загадени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.