07 Мај, 2024
0.0279

Зошто Никола Тодоров бара да го повикаат на состанок во ОК Карпош?

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Тодоров, екс министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ бара да го сослушаат од партијата. 

За него пред два дена партијата побара да биде исклучен, и тој сака да биде повикан на состанок во матичниот општинскиот комитет во Карпош.  Бара средба за да ги каже своите факти и докази.

Тодоров на Фејсбук му пиша на претседателот на ОК Карпош и вели дека има право, а претседателот на ОК има обврска да го повика. 

„Ако барем малку верувате во четирите свети букви. ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска. Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете моите. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа. Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете мојте аргументи, и потоа да ја донесете одлуката“, пишува Тодоров.

Барањето Тодоров го упатува јавно, затоа што вели дека верува, во како што пишува, „демократските принципи на кои се темели неговата партија“.

Екс министерот вели дека ова правило постоело и се применувало и во комунизмот, освен во случаи кога станувало збор за „политички ликвидации и политички монтирани случаи“. Според него, лошо е што ова се применува и денес. Тодоров очекува позитивен одговор. 

На последната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неделата се дадени насоки да биде исклучен од партијата. Од партијата образложија дека се прочистуваат и ќе расчистат со хипотеките од минатото. 

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција