Зошто српската армија ја подигна борбената готовност?
Објавено во: Балкан 05 Август, 2018
Српската војска превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово, објави српскиот весник Новости.
Откако се случило вчера е одржана седница на Советот за национална безбедност, а весникот наведува дека безбедносните служби ги засилиле своите активности за да се предупредат „плановите на властите во Приштина да се предизвикаат немири во Косово, но и дејствување на одделни кругови во Србија, кои со лажни вести внесуваат немир меѓу српското население северно и јужно од Ибар“.
Весникот се повикува на „безбедносни извори“ и според нив државниот врв разгледува мерки што ќе се преземат поради кршење на Бриселскиот договор и петгодишното одбивање на Албанците да исполнат обврски да формираат ЗСО.
Консултациите во српскиот државен врв уследиле по најновите превирања во Косово и разузнавачки информации според кои Албанците планираат да го „отсечат“ северот на Косово од централна Србија поради лажни најави дека српскиот народ еднострано ќе прогласи ЗСО.
Но, ситуацијата на Косово не е добра. Србите во Косовска Митровица се загрижени, а Албанците спокојни, наведува Новости.