Зошто валутите и депозитите во државните резерви се на најниско ниво од март 2014 година?
Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2017 07:31
Износот на валути и депозити од државните девизни резерви е на најниско ниво од март 2014 година. Ова го покажуваат најновите официјални податоци на централната банка во кои е видливо дека на крајот на јануари 2017 година нивото на валути и депозити во девизните резерви на нашата држава изнесува 143,4 милиони евра. Пониско нивото на девизи и депозити на нашата централна банка не било од март 2014 година кога тие изнесувале 121,5 милиони евра! На крајот на јануари 2017 година нивото на валути и депозити во државните девизни резерви е на најниско ниво во период од 34 месеци (две години и 10 месеци) Во споредба со март 2016 година нивното ниво е преполовено!!!
Само за еден месец државните резерви во валутите и депозитите се стопиле за 120 милиони евра !!!
Тоа е пад од 46 отсто за период од само 31 ден. Односно на крајот на демември лани нивното ниво изнесува 264,1 милиони евра, а само еден месец подоцна изнесува 143,4 милиони евра што е за 120 милиони евра помалку од крајот на 2016 година. Во исто време другите ставки односно монетарното злато пораснало за 6,2 милиони евра до 249,4 милиони евра што најверојатно е раст на берзанската вредност на тој имот. Најголемата ставка во нашите девизни резервни т.е. странските државни хартии од вредност во кои ги чуваме државни девизи пораснале за 58 милиони евра во износ од 2,159 милијарди евра. Дури и да претпоставиме дека дел од валутите и депозитите се пренасочени во монетарно злато и во странски државни хартии од вредност на тогаш пак постои кусок од 55,5 милиони евра. Можеби ефективата е намалена заради исплата на некои државни обврски или пак за потребите на девизниот курс? За да добие одговор на оваа новонастаната „Фактор.мк“ достави прашање до централната банка и по добивањето ќе ги објави во целост.
Нивото на државните девизни резерви на крајот на јанури годинава вреди 2,557 милијарди евра и е за 57 милиони евра помалку од нивото на крајот на 2016 година. Највисока вредност од 2003 година до сега нашите девизни резерви забележале во октомври во 2016 година и тоа во износ од 2,729 милијарди евра што во голема мерка е резултат на ново задолжување во странство.
Р.Ф* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





