ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА НА НЕБОТО НАД БАЛКАНОТ: Не мириса на добро, зимата ќе биде поларна
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2023
Аурора бореалис, попозната како поларна светлина, во некои делови на Војводина создаде спектакл на небото каков што ретко се гледа на нашите простори. Феноменот во кој небото блеска и проткаено со светли нијанси најчесто се забележува во скандинавските земји, во Русија, во Алјаска, Исланд, а кај нас ги шокираше мештаните од Сомбор, Врбас, Нова Црња, Вршац, Бачка Паланка и други места во Војводина.
Медиумите од БиХ и Хрватска јавија дека поларната светлина е забележана и во овие земји. Инаку, станува збор за уникатен феномен, поларната светлина, која настанува поради силна сончева бура, а наводно ја најавува зимата со температури до минус 20 Целзиусови степени.
- Аурора бореалис вчеравечер можеше да се види и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.
Поради силните соларни бури, поларната светлина е видлива речиси до самиот југ на Европа, а може да биде така и следната вечер - објави во неделата вечерта порталот Hailz Србија.
Метеорологот Иван Ристиќ вели дека Сонцето има свои периоди на активност на секои 11 години.
- Кога сончевата активност ќе го достигне својот максимум, има големи ерупции на плазмата и самиот центар на Сонцето. Дел од таа плазма ја напушта сончевата орбита и, кога ја напушта, се нарекува сончев ветер. Сончевиот ветер патува низ нашиот Сончев систем и дел од тие плазма честички стигнуваат до Земјата, каде што магнетното поле го насочува кон север и југ, кон половите. Аурора бореалис постои и на северниот и на јужниот пол - објаснува Ристиќ.
Сончев удар на електрониката
Истовременото појавување на поларни светла и магнетни бури во високата атмосфера доведува до индукција на силни електрични струи на повисоки надморски височини.
Последица на ова може да биде индукција на висок електричен потенцијал кај металните спроводници на површината на Земјата, како што се телефонските и електричните кабли и делови од оние слоеви на Земјата кои содржат многу метал. Во врска со ова, има нарушувања како што се изгорени осигурувачи на електрични инсталации, прекин на телефонските врски или далечински пренос на електрична енергија, пречки во радио преноси и слично.
Рускиот институт за геофизика откри силни нарушувања во магнетното поле, што може да предизвика проблеми со електронските системи.
ФОТО:Принтскрин Фејсбук Славчо Попоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.