20 Јуни, 2025
0.0317

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2023 14:55

Добивај вести на Viber

Поддршка за пензионерите со пониски примања во период од пет месеци најави премиерот Димитар Ковачевски при најавите за новиот пакет антикризни мерки кои денеска беа изгласани на Владина седница. 

Од она што го посочи Ковачевски, овој девети пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки кои според премиерот се за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.

Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.

Во наредните пет месеци, пензионери со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат поддршка од три илајди денари. Додека, пензионерите кои имаат пензија од 14 до 16 илјади денари поддршката ќе изнесува 2.000 денари. Пензионерите со пензија од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари. Со неа се опфатени над 187.000 пензионери - објасни премиерот. 

Тој исто така се осврна и на пакет мерки за земјоделскиот сектор со цел зголемено домашно производство, и поддршка за змејоделците.

Посочи дека преку ИПАРД програмата е предвидена поддршка за 40 илјади земјоделци кои имат полјоделски култури, лозови насади, со сточарство во висина од 1,8 милион евра. 

Премиерот исто така најави дека се планира повторно и програма за енергетска сиромаштија за која се предвидени 1 милион евра, за над пет илјади семејства, потоа 1,1 милион евра за 2.250 корисници, за инвестиции во енергетска енергетска ефикасност, како поддршка за ПВЦ, соларни системи...

Се осврна на мерките за субвенционирање на стурјата и топлинската енергија за жителите на Скопје, и посочи дека овие мерки ќе продолжат и следната година. 

- Предвидена е поддршка за увоз на дехидрирано млеко, за производство на млеко и млечни производи за да се овозможат поповолни и пониски цени за крајните корисници на млечните производи. Поддршка за нови и постојни вработни за зголемвуање на платите за 3 илјади денари. Во соработка со Сетска банка поддршка за општините за подобрување на енергетската ефикасност - посочи Ковачевски.

Премиерот истакна дека мерките кои лани се примениле ги постигнале резултатите, и тие овозможија забавување на инфлациајта, и ублажување на ценовните шокови.

- И тогаш предвидовме мерки за ранливите, пензионерите, за студентите и ги покриевме значителне дел од трошоци за струја за еконоија и ја поставивме на здрави нозе. И сега продолжуваме со мерки за поддршка на студентите, пензинерите и поддршка на компаниите за транзиција во зелена економија - посочи премиерот. 

Можеби ќе ве интересира

Кога инвестирањето во стан пред да се продаде не е финансискo промашување?

Кога инвестирањето во стан пред да се продаде не е финансискo промашување?

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

ОВА Е НАЈЕВТИНАТА ЗЕМЈА ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ: Апартман на море за 310 евра, а трошоците се смешни

ОВА Е НАЈЕВТИНАТА ЗЕМЈА ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ: Апартман на море за 310 евра, а трошоците се смешни

ОВА СЕ МЕСТАТА ВО ГРЦИЈА КАДЕ НАЈЧЕСТО СЕ СЛУЧУВААТ КРАЖБИ ВО АВТОМОБИЛИ: Како да знаете дали сте „обележани“?

ОВА СЕ МЕСТАТА ВО ГРЦИЈА КАДЕ НАЈЧЕСТО СЕ СЛУЧУВААТ КРАЖБИ ВО АВТОМОБИЛИ: Како да знаете дали сте „обележани“?

„ВРИЕ“ ОД МИЛИОНЕРИ: Oва е најбогатиот град на светот...

„ВРИЕ“ ОД МИЛИОНЕРИ: Oва е најбогатиот град на светот...

ЕВТИНИТЕ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА ОД ПРОДАВАЧИТЕ НА ПЛАЖА МОЖАТ СКАПО ДА ВЕ ЧИНАТ: Казните одат и до 7.000 евра!

ЕВТИНИТЕ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА ОД ПРОДАВАЧИТЕ НА ПЛАЖА МОЖАТ СКАПО ДА ВЕ ЧИНАТ: Казните одат и до 7.000 евра!

ОВА СЕ НАЈУСПЕШНИТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ НА LINKEDIN ОД МАКЕДОНИЈА: Од совети за бизнис до совети за работа, нивниот глас е водечки во земјава

ОВА СЕ НАЈУСПЕШНИТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ НА LINKEDIN ОД МАКЕДОНИЈА: Од совети за бизнис до совети за работа, нивниот глас е водечки во земјава

КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“