РУМЕН РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Одлуката на РСМ за Бугарите не е последен чекор
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023
Претседателот на Бугарија, Румен Радев како прв многу важен чекор ја дефинираше одлуката на Владата на Република Северна Македонија да го прифати предлогот за измени на Уставот, во кои ќе бидат регистрирани и граѓаните со бугарска самосвест, објави Bgonair.
„Конечно, прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во Република Северна Македонија е поместено. Ова беше прашањето што првпат го поставив пред точно две години, кога ги повикав сите европски институции, лидерите на европските земји, за гарантирање на правата, човековите права на луѓето со бугарска самосвест и за нивно вклучување во Уставот“, рече претседателот.
Шефот на државата изрази загриженост што бугарските власти не реагирале на декларацијата на Бундестагот со која се признава македонскиот јазик и идентитет: „Очигледно, со помош на лобирање од Република Северна Македонија, била подготвена таква декларација. Морав повторно да испратам писма до сите европски лидери бранејќи ја нашата позиција“, рече тој.
„Навистина, Владата мора да вложи максимални напори, бидејќи во овие протоколи се следните чекори. Тоа се јазикот на омразата, медиумите, учебниците, натписите во музеите, отворањето на архивите на УДБ и рехабилитацијата на сите репресирани“, рече Радев, цитиран од БНР.
Инаку, да потсетиме дека Радев ќе биде претседател на Бугарија се до ноември 2026 та година.