„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2023 18:00
Не, не се тоа тривијални прашања и приземни дилеми.
За жал, станува збор за прашања на живот или смрт.
Има ли оваа земја критична јавност која ќе развие интелектуална расправа до каде стасавме. Или како општество ќе останеме на ботовските пресметки и дебатите помеѓу платените советници.
Ќе извлечеме ли поука дека ние треба да го менуваме општеството?
Никој тоа нема да го стори наместо нас.
Ќе се охрабриме ли гласно да говориме?
Не е поентата само во пораките со сочувство.
Деновите поминати во тага за загубен млад човечки живот неминовно бараат и од нас преиспитувања.
Бевме ли како јавност на нивото на предизвикот или само кога лично сме погодени реагираме?
Доволно ли побаравме одговорност за смртта на пациентите во модуларната болница во Тетово?
Останавме ли неми над бројот жртвите од хемофилтрацијата?
Колку се на број и како им е на семејствата на жртвите од случајот „онкологија“?
Има ли казнети за автобуските несреќи во кои загинаа повеќе десетици луѓе?
Или ќе оставиме учесниците во овие злосторства и натаму да ги кројат нашите животи?
Србија имаше случај „Рибникар“ заради што министер за образование понесе одговорност и на памет не му паѓа повторно да се плетка во политика. Кај нас и тие кои божемно заминаа од политика поради одговорност повторно бессрамно ни се препорачуваат себе си.
Има ли повеќемина кои се обидуваат да останат влијателни во јавниот и политичкиот живот, кои одамна би требало да се зад решетки, а наместо тоа се креатори на јавното мислење?
Или ќе ги почекаме да стане тоа драматично видливо како во последниот случај, за да се спротивставиме гласно и жестоко.
Ќе ги превенираме, ќе ги санкционираме или ќе ги стимулираме злосторсвата и уништувањето на перспективите на цели генерации?
Време е да се замислиме над остатоците од нашите животи и уште поважно, над животите на нашите деца и внуци“, напиша таа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




