18 Декември, 2025
0.0733

Уставен ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на АВМУ, објаснија зошто

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 17:09

Добивај вести на Viber

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на АВМУ.

Уставниот суд на Република Северна Македонија не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Одлуката, донесена едногласно на 21. седница на Судот, ја образложи претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, кој на денешната прес-конференција изјави дека Судот ценел три клучни околности: времето на поднесувањето на иницијативата, моментот на одлучување и досегашната уставно-судска практика.

„Судот одлучи да не поведе постапка, едногласна беше одлуката. Три околности беа релевантни за Уставниот суд да ја донесе оваа одлука. Подносителот на иницијативата на 29 септември 2025 година го оспори Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година. Околност што ја ценеше Судот, беше тајмингот за одлучувањето по овој предмет и трета околност беше уставно-судската практика“, изјави Костадиновски.

Тој објасни дека упатството е подзаконски акт што не може да го измени законот и дека Агенцијата постапила во целосна согласност со своите надлежности.

„Ова упатство не е ништо друго освен пресликување на законската одредба. АВМУ, доколку постапела како што предлага подносителот на иницијативата, односно минутажата да биде распределена на трите пратенички групи од власта и трите што се во опозиција, во тој случај би ги пречекорила своите законски овластувања,“ рече претседателот на Судот.

Костадиновски посочи дека Агенцијата била должна да го донесе упатството, затоа што тоа е втемелено на членот 75-ѓ од Изборниот законик и „само ја операционализира законската одредба“.

Костадиновски потсети дека Уставниот суд и во 2022 година веќе ја разгледувал уставноста на истиот член од Изборниот законик, кога одлучил да не поведе постапка.

„Сега повторно истиот подносител на иницијативата го оспорува членот 75-ѓ. Јас сум еден од судиите кои тогаш не мислеле како мнозинството и имам издвоено мислење. Не можам да прејудицирам каква ќе биде одлуката на Судот по новата иницијатива за истиот член, но би бил среќен доколку моето издвоено мислење стане мнозинско“, додаде Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд укажа и дека Судот морал да го земе предвид времето на донесување на одлуката само два дена пред изборниот молк.

Костадиновски испрати и личен апел до лидерот на Левица, Димитар Апасиев потенцирајќи дека како пратеник и професор треба да покаже „поголема политичка, правна и академска култура“.

„Тој често користи несоодветен и некоректен речник, квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. Некогаш кога е задоволен од одлуките е во ред, некогаш не е во ред, меѓутоа кога станува збор за професор, претеник треба да покаже едно повисоко ниво на една правна, политичка па и академска култура“, порача тој.

Иако Судот не ја прифати иницијативата на Левица, Костадиновски лично изрази став дека прашањето за финансирањето на кампањите од јавни средства е „суштински проблематично“.

Левица најави дека оди во Стразбур за цензурата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери