18 Јули, 2025
0.0683

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ЌЕ НИ ГО ЈАДАТ „ЛЕБОТ“ И ГОДИНАВА - Кои фактори ја кочат економијата?

Објавено во: Економија 13 Април, 2023 07:20

Добивај вести на Viber

Раст од само 1,4 отсто ни проектира Меѓународниот монетарен фонд за оваа година. Во најновиот извештај кој го објавија монетарците, се проектира дека Македонија следната година може да очекува раст од 3,6 проценти. Што се однесува пак до инфлацијата, според ММФ, годинава најпосле инфлацијата ќе забави и ќе изнесува 9,2 проценти.

Фактор веќе објави дека годинава ќе имаме најмал раст на БДП во регионот и пошироко, што секако е причина за загриженост кај економистите.

Дел од домашните експерти укажуваат дека неизвесноста наметната и од надвор и од домашните случувања влијаат врз економијата, но и дека не треба да гледаме на растот на БДП како единствен предуслов за подобар животен стандард на граѓаните.

Универзитетскиот професор Марјан Петрески за Фактор посочува дека уште од 2022 година зборуваме дека економијата е во фаза на стагнација, односно високи стапки на инфалција проследени со раст кој е низок или стагнантен.

-Минатата 2022 година ја завршивме со раст од 2,1 отсто, што е половина одпотенцијалниот раст на економијата (кој е проценет на 4 до 4,5 проценти), што укажува дека економијата беше и остана во т.н. негативен производен јаз, односно состојба во која имаме потисната побарувачка, потиснати инвестиции и сл. Тоа стана повидливо, односно стагфлацијата се интензивираше во четвртиот квартал 2022, кога и инфлацијата го достигна својот врв и растот на БДП беше само 0,6 отсто – објаснува Петрески.

Професорот дополнува дека кај инфлацијата имаме смирување, односно месечната стапка е негативна или се движи околу нулата, а годишната стапка забавува и, според моментално расположливите информации, тој тренд ќе продолжи во следните месеци, во кои имаме и висока споредбена основа од лани.

- Во овој дел од годинава, првиот и вториот квартал, очекувам дека стапките на раст ќе бидат позитивни, но ниски, односно ќе ја отсликуваат таа состојба на потисната побарувачка, воздржаност од инвестиции и воздржаност од зголемување на потрошувачката во реален обем, меѓу другото затоа што нејзиниот номинален обем порасна поради зголемените цени – укажува Петрески.

Тој дополнува дека неизвесностите во економијата се се' уште на сцена, кои очекува да се намалуваат во вториот дел од годинава, меѓутоа со кој интензитет е тешко да се предвиди.

- Кога сето ова ќе се земе севкупно, тогаш очекувањата се дека 2023 ќе се заврши со стапка на раст која е околу 2 отсто, значи која не е многу различна од остварената во 2022. Во таа смисла, проекцијата на ММФ од 1,4 проценти не е драматично различна од ова домашно предвидување, меѓутоа што точно одредува поголем песимизам кај Фондот треба да биде предмет на дискусија со експертите од Фондот. Мојата анализа вели дека, според моменталните информации, таа проекција би се остварила во некое понеповолно сценарио, кое секако не можеме да го исклучиме бидејќи се' уште имаме војна на евроспкиот континент и присутни нестабилности на пазарите – потенцира Петрески.

Економистот Здравко Савески за Фактор посочува дека според него важно е да не се вртиме во круг со години и да не ги повторуваме истите тези, потенцирајќи дека „во 2023 година на работите треба да глдаме од ист аспект како што сме ги гледале во 1990 или во 1950 година“.

- Проекциите на ММФ за Македонија, со оглед на прогнозите за состојбата со капитализмот на глобално ниво и со оглед на растечката интегрираност нанашата економија во светската, дури и се поповолни од очекуваното. Ние сѐ уште имаме висока вработеност, па дури и недостиг на работници, а тоа ќе потрае барем уште одреден период. Но, токму поради растечката интегрираност во светската економија, ризиците за прелевање на кризата и кај нас се значително поголеми отколку во 2008 година. А капитализмот наглобално ниво се заплеткува во сериозни противречности – потенцира Савески.

Тој додава во текот на оваа година и на светско ниво и кај нас нужно е да дојде допроблематизирање и отфрлање на БДП како мерило за благосостојбата. Потенцира дека БДП не е реален приказ за благосостојбата на граѓаните.

- Кога има раст на БДП т.е. економски раст, тоа автоматскине значи дека се подобрува квалитетот на животот на населението. Важно е да се спречи да дојде до пораст на невработеноста, а дали ќе има зголемување на економската  активност е секундарно, а не примарно прашање од гледна точка на благосостојбата на луѓето. Се разбира, ова значи контекстуализирање на прашањето во „вонекономски“ рамки, односно земање предвид на состојбата со климатската криза, но и во светски рамки и во Македонија треба да престанеме да гледаме во зголемувањето на економската активност позитивна работа сама по себе – потенцира Савески.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари