15 Јануари, 2025
0.0268

200.000 евра за отсликување на плафонот на Стариот театар

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Уметниците Ѓорѓи Чулаковски-Џото, Синиша Стефановски Кашавелски и академскиот сликар Златко Глигоров за речиси 200.000 евра веќе го сликаат плафонот во големата сала на Стариот театар. Министерството за култура ги избра Кашавелски, Чулаковски и Глигоров во постапка со преговарање, без претходно објавување на тендер, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Единствено е познато дека тројцата домашни уметници на таванот на главната сцена ќе илустрираат македонски мотиви. За своите активности на проектот, Кашавелски ќе добие околу 71.000 евра, Глигоров ќе добие околу 75. 000 евра, додека Чулаковски околу 49.000 евра. Уметниците за двоето ремек дело имаат рок од два месеца. Според последните информации, Старо-новиот театар ќе се отвори на 27-ми март годинава, на Светскиот ден на театарот. Објектот, според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е во зарвшна фаза, се работи на ентериерното уредување и доколку дозволат временските услови, ќе се отвори и промовира на 27 март. „Нашата национална установа, Македонскиот народен театар, веќе интензивно работи на премиерната претстава, по текст на Јордан Плевнеш, со која свечено ќе биде отворен театарот“, изјави неодамна министерката. На горната површина на покривот од театарот се поставени 45 скулптури кои биле обележје и на Стариот театар. Во влезната партија на главното фоаје на театарот ќе биде поставена и централна композиција – скулптура на основачите на театарот, што ја изработува уметникот Карадаре. Орнаментика ќе биде поставена на ложите на главната театарска сала која прикажува мотиви од нашето културно наследство, цркви, манастири, артефакти. „Театарот освен онаа главна функција, театарската дејност, ќе има и музејска функција. Сите посетители, преку целокупната орнаментика што е застапена во ентериерот, ќе можат да се запознаат со македонската култура и историја. Театарот ќе биде музеј сам за себе“, смета министерката. К.П

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања