16-от МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ во рацете на Кратовчанец
Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2016 09:47
Јакимче Бајев од Кратово стана милионер. Тој е 16ти среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ. Добивката вредна 1.498.092 денари ја освои во Спорт Лаиф Треид во Кратово.
Убавите работи се делат со пријателите. За да се чувствуваат уште поинтензивно.

Во друштво на своите пријатели, тој дојде и во просториите на Државна Видеолотарија, да го подигне својот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек, кој гласи на добитниот износ од 1.489.092,00 денари. Засега, нема план како да ги троши парите од оваа добивка. Но, им се радува. Тие се негова прва добивка иако со игрите на среќа се забавувал често.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 16 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 21.978.699 денари. Покрај нив, освоени се и 2037 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 15.279.940 денари.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




