19 Декември, 2025
0.0373

2014 – плодна година за играчите на НовоЛото 7/34

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2014 13:00

Добивај вести на Viber

Вчера, во одржаното 41 коло за 2014 година, од играта на среќа НовоЛото 7/34, се постигна добивка 6+1 која на среќниот играч за уплатени 65 денари му донесе добивка од 437.583,00 денари. Ливчето со добитните броеви е уплатено во продажното место на Државна лотарија на Македонија, обележано со СРЕЌНО МЕСТО - ТОЛЛАКС на плоштад Македонија во Скопје. Играчот одиграл 3 кобинации ( секоја по 15 денари) и уплатил еден џокер ( 20,00 денари). Во 2014 ова е четврта добивка 6+1 од кои првата беше остварена во јануари со добивка 405.966,00 денари, втората во февруари со добивка 475.412,00, а третата во април со добивка 509.725,00 Во текот на оваа година во месец март во колото реализирано на 1ви март се постигна 7ка која на среќниот играч му донесе премија вредна 22.601.906,50 денари. Играта НовоЛото 7/34, со оглед на бројот на редовни играчи е најомилената игра на граѓаните на Република Македонија кои со мали учества на своите среќни броеви им даваат шанса да им донесат големи парични добивки, велат од Државната лотарија. Извлекувањата на добитните броеви од играта на среќа НовоЛото 7/34 се реализираат секоја среда и сабота со водителката Марјана Станојковска на ТВ Сител од 20:00 часот. Државна лотарија на Македонија со приредувањето на по две кола неделно, секоја среда и сабота им овозможува на играчите на оваа игра на среќа, нови шанси за добивки. За четири години од приредување на оваа игра на среќа до сега добивме шест добитници на 7ка од кои најмалата добивка изнесуваше 6.000.000 денари, а најголемата 22.601.906,50 денари. Играта НовоЛото 7/34 како и другите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија е достапна на над 200 уплатно исплатни места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година