19 Декември, 2025
0.2622

3,5 отсто каматна стапка – повеќе за Вас со депозитите од УНИБанка

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2022 12:52

Добивај вести на Viber

3,5% за штедење во денари и 3% за штедење во евра се новите каматни стапки на УНИБанка за рочност од 36 месеци.

Атрактивни промени се направени и во пократките рокови - 12 и 24 месеци, 2,5% и 3% респективно за штедење во денари и 2% и 2,5% респективно за штедење во евра.

Кај постоечките договори  со фиксна каматна стапка, новите каматни стапки ќе се пресметуваат по преорочувањето на средствата.

Со оваа промена го продолжуваме поволниот тренд кај депозитите во зависност од рочноста, валутата и начинот на исплата на каматата. 

Со зголемувањето веруваме дека Банката обезбедува додадена вредност за клиентите на долг рок.

Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Депозитите на физички лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го изберат депозитниот продукт кој најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката. 

Умната Депозитна Сметка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 5%

Можноста за слободна уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им нуди чувство на сигурност и слобода во располагањето со сопствените средства.

Се разбира тука е и Депозитот Фикс, како и Детското штедење со фиксна каматна стапка дури до 3,5%. 

Во чекор со дигиталните трендови ја поттикнуваме опцијата за орочување и дополнување на депозити преку платформата за електронско банкарство. 

Штедете сигурно за сите идни големи и мали желби! 

Новите каматни стапки се достапни на следниот линк: Депозити..

За сите подетални информации повелете во експозитурите на Банката или информирајте се  преку контакт центарот - 02/ 3 111 - 111.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза