19 Декември, 2025
0.1536

60% од амбалажниот отпад треба да завршува на рециклирање наместо на депониите во земјава

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2014 10:49

Добивај вести на Viber

Според Министерството за животна средина во Македонија приближно се создава околу 106.000 тони отпад од пакување. Во моментов само половина од оваа количина се пријавува, односно евидентира преку колективните системи за управување со отпад, потоа се селектира и само одреден дел се рециклира во организација на Пакомак. Според законот за Управување со пакување и отпад од пакување секој колективен систем за управување со отпад треба да опфаќа односно евидентира најмалку 15.000 тони отпад од пакување годишно и истовремено законски да рециклира најмалку 18% од евидентираниот амбалажен отпад во својот систем,  критериуми кој го исполнува само компанијата Пакомак. Инаку во Македонија од амбалажниот отпад се рециклира само пластика, додека стаклото и хартијата се носат во некоја од соседните земји. Бројката од над 50.000 тони отпад кој не се евидентира, не се третира и најчесто завршува на депонии. Самиот факт дека количните кои се депонираат се зголемуваат од година на година е алармантен самиот по себе и наметнува потреба од реакција, бидејќи отпадот не мирува, туку напротив тој во форма на метан или друг отровен гас испарува, а тоа е нешто што сите ние го дишеме, депонира во почвата која се загадува, што особено негативно влијае на сите оние земјоделски производи кои кај нас се произведуваат и водите со кои се полеваат. Законот е генерално добар и јасен, само е потребно негово доследно спроведување, и позасилена инспекторска контрола на терен, сметаат од Пакомак. Самото избегнување на плаќање на надомест за управување со отпад ги става во нерамноправна состојба компаниите кои плаќаат и кои се општествено одговорни, наспроти оние кои не плаќаат и кои со тоа го оштетуваат буџетот на Р. Македонија. Затоа, граѓаните и компаниите очекуваат ресорното министерство за животна средина доследно да го применува законот за управување со амбалажен отпад и да ги санкционира компаниите кои не членуваат и не финансираат ниту еден од постојните колективни системи за управување со амбалажен отпад. Уште повеќе, од државните органи се очекува да им ги земе дозволите за работа на оние колективни системи за управување со амбалажен отпад кои не ги исполнуваат своите законски обврски и само фингираат имплементација на законот за амбалажен отпад, односно наплатуваат од нивните клиенти, а со собраните средства не инвестираат во поставување на инфраструктура, контејнери за селективно собирање на отпадот од пакување, и не инвестираат во негово собирање и рециклирање со што не ги исполнуваат националните цели зададени од државата. За подобрување на состојбите во зачувувањето на животната средина потребно е активно учество на сите, на граѓаните кои со совесно однесување селективно ќе го одложуваат отпадот, на локалната самоуправа која ќе работи на подобрување на инфраструктурата, на комуналните претпријатија кои поефикасно ќе работат, од колективните управувачи со амбалажен отпад, како и од самите извршни органи кои ќе контролираат и по потреба казнуваат за незаконско однесување, беше еден од заклучоците на брифингот за новинари организиран денес. Од Пакомак најавуваат дека во следните 4 години планираат просечен раст од 20% на стапката на собирање и рециклирање на отпадот од амбалажа, со крајна цел во 2020 дури 60% од амбалажниот отпад да завршува на рециклирање наместо на депониите во земјава, што е услов согласно Европската директива 2004/12/ЕЗ за отпад од пакувања. За 2014 годинa веќе е договорено поставување на 200 нови жолти пластични контејнери за ПЕТ шишиња во Град Скопје, 30 исти такви контејнери за Тетово и 500 канти за домаќинства во Битола. Во Штип компанијата има поставено над 70 контејнери, а и со Охрид се планира дополнително интензивирање на соработката. Покрај поставувањето на комунална инфраструктура за примарна селекција од страна на граѓаните, Пакомак врши и интензивни едукативни активности за бенефитите од селектирањето на амбалажниот отпад и негово рециклирање, како и активности за подигање на јавната свест за рециклирањето кај целата популација. Еко концертите во Јуни веќе четврта година се максимално посетени и популарни, особено поради фактот дека за влез се потребни само 3 празни шишиња кои потоа одат на рециклирање. Конкурсот уметност од отпад станува дел од културното живеење на Скопје, а со поддршка и присуство на разни манифестации, Пакомак веќе станува препознатлив како зелена компанија. Сепак, за реализација на сите нивни планови, од Пакомак изјавуваат дека е неопходна поголема вклученост на локалните самоуправи во организирањето на примарното селектирање на амбалажниот отпад од граѓаните, но и од самите граѓани кои треба совесно да се однесуваат кон животната средина. Пакомак е прв и најголем колективен систем за управување со амбалажен отпад во земјава, со систем во кој членуваат над 680 компании и има соработка со над 20 општини во кои живеат повеќе од половина од населението во земјава. Од 2011 кога почна со работа до 2013, повеќе од двојно ги зголеми количините на отпад од амбалажа која се рециклира, кои ги собира преку својот систем од партнерски компании, достигнувајќи над 9.300 тони собрана отпадна пластика, картонска, лименки и стаклена амбалажа во 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА