Абашоски: Ачкоски е разрешен, СДСМ изнесе невистинити обвинувања
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 19:24
Директорот на Комуналец – Прилеп, Рубинчо Абашоски реагираше на прес конференцијата на СДСМ во Прилеп. Според него Политичката партија денеска изнела низа невистини и обвинувања во врска со работењето на компанијата, објави Телма.
„Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ , Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот oдбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ,,Комуналец’’ , сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претсдателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: Разрешување на управителот на Терминал- Комуналец ДООЕЛ Прилеп“, вели Абашоски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




