АДЕМИ: Јас сум за физичко присуство во школите, но ова ќе биде најтешката одлука на новата Влада
Објавено во: Македонија 12 Август, 2020
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на прес конференција ги потврди информациите на Фактор објавени денеска за можно одложување на почетокот на школската година.
-За да може да почне школската година, потребно е да се
донесат законски измени, а за тоа да се случи, мора да имаме функционално
Собрание. Тие се подготовени од наша страна. Но , кога ќе се усвојат, зависи од
Собранието. Почетокот на школската година ќе зависи од епидемиолошката состојба
и од Собранието. Ние предлагаме часот во основното образование да се
скрати од 45 на 30 минути, а во средното од 45 на 35. За да се усвои тоа, ни
треба Собрание. Јас се залагам за физичко присуство, но тоа е мој личен став,
изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес
конференција веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.
-Во училиштата со премногу ученици треба да имаат еден дел онлајн настава, а еден дел со физичко присуство. Тоа значи дека ќе се поделат училниците со помал број ученици, една група би следела настава со физичко присуство, а во исто време другата група преку средства за електронска комуникација би ја следеле наставата во реален час, а доколку не можат лекциите би се поделиле од националната платформа, каде се обработени темите и содржините. Исто така, ако би се одлучиле наставата да се одржи со физичко присуство, а имаме деца кои имаат хронични болести или респираторни болести, тие би можеле преку средствата за електронската настава да ја следат наставата, потенцираше Адеми.
-Најлесно е да се определиме за онлајн настава, но пак ќе повторам, само ако бидеме принудени и нема друг начин, би се определиле за ваквиот модел, за вакво организирање на наставата, истакна министерот, посочувајќи уште еднаш дека почетокот на школската година може да се одложи се додека нема функционално Собрание, за што претходно објави Фактор.
A.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.