27 Ноември, 2024
0.0305

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска е во центарот на вниманието на македонската јавност, откако се најде во мемоарите на неговата исто така екс колешка, некогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Во нејзините мемоари од 740 страници „Freiheit“ (Слобода), кои беа објавени на 26 ноември оваа година, таа го открива она што претпочитала да задржи за себе за време на нејзиниот мандат.

Меркел ги оквалификувала Заев како храбар и решителен, во нејзините мемоари кои сведочат за тоа како таа се чувствувала за време на посетите на странските делегации во нејзиниот кабинет, особено истакнувајќи ги нејзините емоции и трепетот што понекогаш го доживувала.

Во мемоарите се спомнуваат многу државници од различни декади, но кога станува збор за регионот, единствен политичар од Балканот кого Меркел го спомнува е поранешниот македонски премиер Зоран Заев, објави на Х германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“. Тој пишува дека Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната канцеларка експлицитно го споменува во своите мемоари.

Меркел, како што пишува германскиот новинар, не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.

„Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, исто така. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’“, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс во својата објава на Икс.

Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани во Берлин, по три години откако таа ја напушти функцијата.

Во книгата таа дава осврт на својот живот, од детството и младоста во Германската Демократска Република (ГДР), преку обединувањето на Германија, нејзиниот политички подем во Сојузна Република Германија, сè до крајот на нејзината 16-годишна канцеларска кариера во есента 2021 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси