Адора Инженеринг доби меѓународна награда за градежништво на собир во Мадрид
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2014 13:35
Меѓународната награда за градежништво е уште едно интернационално признание за Адора Инженеринг по европските награди што за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер компанијата ги доби од Европската Бизнис Асамблеја во 2012 година.„Интернационалната награда за градежништво од Клубот на глобалните трговски лидери, за Адора Инженеринг е уште една меѓународна афирмација и потврда дека е препознаен и вреднуван квалитетот на работа на компанијата на меѓународно ниво, што претставува признание за градежниот бизнис и за Македонија. Наградата за компанијата е посебно значајна зошто доаѓа од клуб со 7500 членови од 95 земји и се однесува на градежната дејност со која Адора Инженеринг успешно се занимава 12 години, како пионер во воведувањето и примената на иновациите за сигурно, квалитетно и економично домување. Собирот е одлична можност за интернационално презентирање на компанијата, за размена на знаења и искуства, за воспоставување нови бизнис релации и иницирање соработка со деловни субјекти од целиот свет. Меѓународната награда за градежништво е сатисфакција и поттик Адора Инженеринг да продолжи и натаму со изградбата на
елитните станбено-деловни објекти според европските стандарди и технологии во корист на станарите, граѓаните, животната средина и пошироката заедница“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец по примањето на наградата во Мадрид на деловниот форум, на кој учествуваа 150 претставници од 30 земји од сите континенти.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година






