18 Декември, 2025
0.0429

„АФЕРА ЛУКСУЗЕН МЕРЦЕДЕС“: Груевски ќе бара одложување на одењето в затвор

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2018 06:50

Добивај вести на Viber

Во петок екс премиерот Никола Груевски ја доби поканата согласно која ќе треба на „Митровден“ односно на 8 Ноември да се јави во затворот Шутка на издржување двегодишна казна затвор.

Телма објави дека поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ денеска преку својот адвокатски тим и официјално ќе побара одложување на двегодишната затворска казна на која е осуден поради случајот набавнка на луксузен „мерцедес“ или во јавноста случај познат како „Тенк“.

Се наведува дека информацијата ја потврдиле и адвокатите на Груевски, кои не сакале да прецизираат врз основа на што ќе биде побарано одложување.

Одбраната, наводно рекла дека одложување на казната затвор ќе биде побарано поради неодложени обврски на Груевски кои произлегуваат од неговата работна позиција и функција која ја извршува како пратеник на македонското Собрание.

Законите пак, дозволуваат одложување на затворска казна во осум случаи, меѓу кои се и здравствено-медицински, семејни и деловни причини, а можноста за одложување е најдолго до година дена.

Во затворот во Шуто Оризари Никола Груевски ќе треба да отслужи двегодишна затворска казна врз основа на спорната набавка на луксузниот „мерцедес“ за што СЈО го обвини во случајот „Тенк“ и за кој се востанови дека блиндираното возило е платено 600 000 евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери