АФРИМ ГАШИ ГИ КАЖА НЕГОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ - погледнете го начинот како дојде предлогот во Собранието

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2023 11:03
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за „Локално“ вели дека неговите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи, како што објаснува, самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат.
За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи како што истакнува, тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на децата и младите, кои чекаат од нив обединување, одлучност и политичка понуда.
-Идентитетот на секој народ може да се загрози само од припадниците на тој идентитет. Со „францускиот предлог“ ниту се загрозува, ниту се засилува македонскиот идентитет. Македонците се посебен народ, со свој јазик, свое писмо и култура независно од тоа како тоа се перципира од другите. Јас мислам дека нема потреба за никакви декларации, бидејќи таквиот начин на однесување покажува инфериорност и слабост, оценува претседателот на Алтернатива за поднесената Декларација на СДСМ до Собранието во однос на Илинден.
Можеби ќе ве интересира
ПОЧИНА ОТКАКО ПРИМИ ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦА: Готова е обдукцијата за Адеми

НЕ СМЕЕМЕ ДА БИДЕМЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ВЕТОТО: Силјановска Давкова за евроинтеграцијата

„ОД ЕДНА ПРОФЕСОРКА, СЕПАК СЕ ОЧЕКУВА БАРЕМ ОСНОВНО ПОЗНАВАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА“: Османи за Силјановска Давкова

ДА СЕ УГЛЕДАМЕ НА ЉУБЉАНА: Македонија нема доволно зеленило и тоа скапо ќе го чини здравјето на луѓето

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПАДНЕ И СНЕГ! Попоски соопшти дека ни доаѓа огромна промена на времето

„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“

СЕ ОГЛАСИ ГИТАРИСТОТ НА ДНК ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ: Колку што сум среќен, толку сум и тажен

„СРЕДЕ СКОПЈЕ КОШТА ГИ ТОРПЕДИРАШЕ ЗАМАЈУВАЊАТА НА ПРОПАГАНДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Величковски за гостувањето на Кошта во земјава и неговите изјави

„ТАРАВАРИ ИМАЛ БЕЛ ЛИСТ ЗА ДА НАПИШЕ КОЛКУ ОПШТИНИ САКА“: Муртезани за довчерашниот коалиционен партнер
