18 Декември, 2024
0.0269

АГЕЛЕР НЕ САКА ДА ЈА КОМЕНТИРА СИТУАЦИЈАТА СО ГРУБИ: Не можам, не сум дел од внатрешните истражни органи

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) Анџела Агелер немаше коментар по почнатите истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на т.н црна листа како осомничени за корупција.  

На 9 декември Стејт департментот јавно ги назначи Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков. Два дена подоцна Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.

-Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.

На новинарското прашање дали ќе помогнат САД за прашањето помеѓу Северна Македонија и Бугарија, Агелер рече дека ќе го повтори веќе искажаниот став.

-Ние не сме дел од ЕУ. И затоа ние не сме дел од многу од тие дискусии. Но, ќе го кажам она што го кажавме претходно во Вашингтон и овде во Скопје, а исто така и мојот пријател во Софија, нашиот амбасадор Мартин таму, многу би сакале да ја видиме Северна Македонија во Европската Унија и се надеваме дека нивните дискусии ќе бидат успешни и плодни. Затоа што просперитетната, успешната, сигурната иднина на оваа земја е во рамките на Европската Унија. Таа е во срцето на Европа. И затоа таму припаѓа, рече Агелер.

Амбасадорката во Тетово дојде на Универзитетот на Југоисточна Европа за да одржи предавање пред студентите.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР ГИ ОБЈАВИ ПОТЕРНИЦИТЕ: Фотографиите на Груби и Бајрами на сајтот на потраги

МВР ГИ ОБЈАВИ ПОТЕРНИЦИТЕ: Фотографиите на Груби и Бајрами на сајтот на потраги

СОЗДАДОВТЕ МИЛИОНЕРИ ОД ОВЧАРИ: Салиу распали за ДУИ

СОЗДАДОВТЕ МИЛИОНЕРИ ОД ОВЧАРИ: Салиу распали за ДУИ

МВР СО НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ - претреси во Арачиново, пронајдено оружје

МВР СО НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ - претреси во Арачиново, пронајдено оружје

ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ ОДБРА АДВОКАТ ШТО ЌЕ ГО ЗАСТАПУВА: Антонио Апостолски пред судот рекол дека не знае каде се наоѓа неговиот клиент

ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ ОДБРА АДВОКАТ ШТО ЌЕ ГО ЗАСТАПУВА: Антонио Апостолски пред судот рекол дека не знае каде се наоѓа неговиот клиент

ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ ПРЕД ДОМОТ НА ЖРТВАТА И ПУКАЛ ВО НЕГО - притвор за осомничениот, кривична и за друг осомничен за помагање

ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ ПРЕД ДОМОТ НА ЖРТВАТА И ПУКАЛ ВО НЕГО - притвор за осомничениот, кривична и за друг осомничен за помагање

ДЕВАЛВАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ: Левица со остра реакција „наместо да се провери дипломата на Христовски, факултетот за безбедност го избра за асистент“

ДЕВАЛВАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ: Левица со остра реакција „наместо да се провери дипломата на Христовски, факултетот за безбедност го избра за асистент“

ВО САБОТА ПОВТОРНО ДОАЃА СНЕГ: Нов ладен циклон во земјава, Попоски ги објави деталите

ВО САБОТА ПОВТОРНО ДОАЃА СНЕГ: Нов ладен циклон во земјава, Попоски ги објави деталите

ЗИМАТА Е ПЕРИОД СО ГОЛЕМ БРОЈ СЛАВИ: Како се славело некогаш, а како денес?

ЗИМАТА Е ПЕРИОД СО ГОЛЕМ БРОЈ СЛАВИ: Како се славело некогаш, а како денес?

ПРИВИЛЕГИЈАТА СО ГОДИНИ ДА НЕ КРАДАТ И ДА ГО УЦЕНУВААТ СУДОТ И ДА СИ ЈА КУПУВААТ СЛОБОДАТА СО НАШИТЕ ПАРИ ЈА ИМААТ АРТАНОВЦИ, САШОВЦИ И ОСТАЛА БАГРА: Адвокатот Јанаки со став

ПРИВИЛЕГИЈАТА СО ГОДИНИ ДА НЕ КРАДАТ И ДА ГО УЦЕНУВААТ СУДОТ И ДА СИ ЈА КУПУВААТ СЛОБОДАТА СО НАШИТЕ ПАРИ ЈА ИМААТ АРТАНОВЦИ, САШОВЦИ И ОСТАЛА БАГРА: Адвокатот Јанаки со став