МВР СО НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ - претреси во Арачиново, пронајдено оружје
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024
Во тек е нова полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се извршени претреси на повеќе локации и дека во моментот се продолжува со дел од претресите.
Повеќе информации најавуваат по завршување на истрагата.
Дел од медиумите објавија дека се пронајдени автоматско оружје, пушки и пиштоли во Арачиново.
Се пренесува веста дека веќе е запленето автоматско оружје во Арачиново и во моментот се вршат претреси во повеќе делови од Скопје во уште една полициска акција поврзана со сузбивање на криминални групи.
„Извршени се претреси на повеќе локации, во моментов се продолжува со дел од претресите. Повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на акцијата“, велат од Министерството.
Пред два дена, Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 членови на бандата Беланоца – Барон кои плаќале од 10.000 до 250.000 евра за убиство.
Претходната акција беше спроведена на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани.
Со оваа истрага според надлежните биле расчистени седум убиства.
Извршени беа претреси на 30 локации и пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.