ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2024
СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ
Снегот предизвика проблеми на патиштата. Има заглавени камиони на Стража, како и забрана за тешки возила на сите превои.
Снежното невреме остави во мрак многу семејства. Најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, односно во Бихаќ, Босанска Крупа, Цазин, Сански Мост и Велика Кладуша. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од паѓање на гранки и дрвја на столбовите, како и поради кршење на спроводници под тежината на снегот.
АХМЕТИ СЕ ЗАКАНУВА
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пак се заканува. Тој вели дека Албанците нема да бидат маргинализирани.
„Оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога албанската и турската заедница беа маргинализирани. Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги. Загрозувањето на Охридскиот договор е опасност за мирот и стабилноста на регионот“, изјави Ахмети.
Ахмети истакна дека Охридскиот рамковен договор е темел за мир.СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА ЌЕ ИЗНАЈМУВА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО СКОПЈЕ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска потпишаа писмо со намери за поддршка на реализацијата на проектот „100% електрично споделување на автомобили во Скопје“.
Надлежните соопштија дека се работи за приватна инвестиција на компанијата „Авант2Го“ од Словенија. Пилот проектот првично ќе се реализира во општините Гази Баба, Аеродром и Чаир. Цените за оваа услуга ќе се движат од 3 евра за 30 минути до 6 евра за 1 час.СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЧКА ПОСКАПЕЛА
Се зголемила вредноста на минималната синдикална кошничка. Без 1.000 евра едно семејство со четири члена не може да го помине месецот.
Минималната кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари поскапа отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонија и онака се гуши во загаден воздух, а петардите само додаваат „масло на огнот“. Тие се штетни за квалитетот на воздухот, за здравјето на луѓето и за животните и можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.Граѓаните и компаниите од домашните банки подигнале кредити во вредност која надминува 7,8 милијарди евра. И најновите податоци кои ги сподели Народната банка на Македонија покажуваат дека кредитното задолжување кај граѓаните и кај компаниите во земјава продолжува да расте.
По своевидно затишје, денеска повторно поминаа блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“.
На почетокот на декември Владата до Собранието достави Предлог закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија.
Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот, за речиси истата вредност се најдоа како должници на последната листа на неплаќачи на данок што ја објави Управата за јавни приходи.