Ахмети деновиве ќе донесе одлука дали да ги даде потписите на Заев
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017 07:58
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети синоќа по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев кажа дека меѓу двете партии има разлики околу употребата на албанскиот јазик, но тие разлики не се многу големи.
"Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија“- изјави Ахмети.
Според Ахмети, официјалната употреба на албанскиот јазик во земјава е загарантирана со Уставот на Република Македонија, па тој го искористи тоа право и пред новинарите зборуваше на албански јазик, додека двојазичноста ја покажал на дело на средбата со Заев со кого, како што рече, одговарајќи на новинарско прашање, зборувал на македонски.
Заев по средбата со Ахмети во Мала Речица изјави дека ги чека потписите за формирање влада, но дека Уставот нема да се менува. Тој потенцираше дека СДСМ и ДУИ се согласни законот за употреба на јазиците да произлезе од Уставот.Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




