14 Февруари, 2025
0.0293

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Чашка упати скандалозна порака кон Македонците. 

Тој вели дека Македонците им кажуваат на тие што зборуваат албански да одат во Албанија.  Ахмети рече дека Македонците не треба да се грижат за албанскиот јазик и напредокот на Албанците, затоа што тие не се дојденци во земјата.

„Ако постапиме вака, ако некој оди во Бугарија, а друг во Албанија, на кого ќе ја оставиме оваа земја?“, вели Ахмети, пренесува БГНЕС

Според нивното толкување, Ахмети навестил дека Македонците зборуваат бугарски.

„Многу сум разочаран кога слушам дебати меѓу интелектуалци, аналитичари и публицисти, нашите сограѓани Македонци. Тие се многу загрижени поради фактот што Албанците го сменија својот политички статус во оваа земја и веќе не се станари во своите домови, туку станаа сопственици. Тие се загрижени зошто Албанците имаат свој јазик, зборуваат свој јазик, пишуваат свој јазик, имаат албански административци, полицајци, војници, односно се застапени во сите институции. Ги гледам како зборуваат како змии, како оваа земја да им припаѓа само на Македонците. Но, не е така, затоа што не е само нивна. Албанците не се од вчера во оваа земја. Не прашуваат зошто Албанците овде зборуваат албански, а Алжирците во Франција не зборуваат арапски, а 6-те милиони Турци во Германија не зборуваат турски, а велат: „Ако овие луѓе сакаат да зборуваат албански, нека одат во Албанија“. Вака некој треба да оди во Бугарија, а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја“, праша Ахмети. 

Ахмети и претходно упатуваше провокации кон Македонците и велеше дека Албанците се господари на Македонија. 

Ахмети, лани во август кажа дека Србите, Бугарите и Грците ќе ги проголтаат Македонците ако не се во добри односи со Албанците.  Вели дека Македонија ќе оди напред само со добри односи меѓу Македонците и Албанците. 

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!