Ахмети ги свика сопартијците во Мала Речица, ќе има ли конечна одлука?
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017 12:20
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го свика централното претседателство на партијата за попладнево во 17.30 часот, потврдуваат за ТВ 24 од ДУИ.
На состанокот потпретседателската тројка ќе го презентира пакетот и ќе реферира за текот на преговорите со СДСМ.
Дел од отворените прашања во законот за албанскиот јазик уште се отворени, а преговарачките тимови со експерти работат на тие делови во пресрет на централното претседателство. Од ДУИ велат дека не се исклучува доколку не се затворат до централното претседателство, паралелно да течат преговорите со СДСМ за законот и да се одвива состанокот во ДУИ.
Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на Зоран Заев и Али Ахмети. За дел од прашањата има усогласени ставови, но има и отворени прашања.Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




