„АХМЕТИ И ГРУБИ ЈА КОРИСТЕА МОЌТА ДА ГЛУМАТ ШЕРИФИ“ - ВМРО со остра кртика: Ја водеа државата како да е во нивна сопственост
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2024
Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети. Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС.
Со овие зборови утрово се огласија од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното интервју на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговите изјави дека ДУИ не знае каде е некогашниот нивни сопартииец и поранешен вицепремиер Артан Груби.
- Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.
Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.
Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост - нагласуваат од ВМРО.
И на крајот истакнуваат „затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!“, се заклучува во соопштението на партијата.