АХМЕТИ МУ ЧЕСТИТА НА РАМА: Морам да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети денеска му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за почнувањето на преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Вели дека ова се одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.
„Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје. Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година. Мора исто така да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија. Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност. Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.
Македонија додека не ги внесе Бугарите во Уставот не може да почне преговори со ЕУ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.