Ахмети на Могерини и ветил дека ќе се најде политичко решение-Како?
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017
На средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини лидерот на ДУИ Али Ахмети рекол дека тие како партија ќе останат посветени за да се постигне политичко решение, а институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка
Ахмети рекол дека соработката со ЕУ, НАТО и САД трае 16 години и дека секое постигнување е заедничко.
„Ние сме биле, сме и ќе останеме партнер на меѓународната заедница…Владеењето на правото, владеењето на законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и добрососедски односи како и интеграцијата во НАТО и ЕУ се нашите приоритети“, потенцирал Ахмети, стои во соопштението на ДУИ за средбата.
Могерени, се додава во соопштението, изразила вреднување на конструктивната улога и пристапот на ДУИ околу кризата и истакнала дека Европската Унија останува со земјата во напорите за решавање на кризата и потребата за продолжување на дијалогот.