„АЈДЕ“ ќе се бори со потписи против Законот за хонорарци
Објавено во: Македонија 22 Март, 2015
Од утре иницијатавата „АЈДЕ“ ќе започне со собирање на потписи против пакетот Закони за хонорарци .
Со прес конференција пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе поче собирањето на потписи со почеток од 11 часот.
„АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика започнува акција за собирање потписи од граѓаните, за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување“.
Со оваа инцијатива според организаторите се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони и истата е подготвена со консултации помеѓу граѓанските и еснафските здруженија.