16 Февруари, 2025
0.0268

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија во денешнит објавен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита и спасување објави дека земјата има 100 скривници на својата територија, но дека оваа служба ги има запуштено оние засолништа што биле достапни за увид. Една од нив била користена на диво од приватник.

„Со посета на дел од засолништата кои и се доделени на ДЗС, а се наоѓаат во подрачните одделенија во Општините Центар, Аеродром, Карпош, Гази Баба, Велес и Штип, кои располагаат со вкупно 32 засолништа, утврдивме дека ДЗС не врши нивно тековно одржување. Голем дел од засолништата се блокирани или затворени од препреки од дрва и кабаст отпад, дел од нив се отворени и личат на депонии, а некои се магацини за стара опрема. Некои засолништа не се во функција поради неисправни системи за вентилација и недостаток на струја и вода. Истовремено, едно засолниште се користи од приватно правно лице, за кое користење не ни беше доставена документација за закуп, ниту пак утврдивме соодветен приход по овој основ“, објави државниот ревизор.

Со одлуки на Владата на ДЗС и се доделени под нејзина надлежност уште 98 други деловни простории, како канцеларии и гаражи, а најзапуштени биле магацините.

„Дел од опремата на ДЗС сместена во магацините е нефункционална, неупотреблива и технолошки застарена, некомпатибилна, непроверена, несервисирана веќе подолг период, со поминат рок на употреба. Дел од опремата која е доделена од Министерството за одбрана согласно делбен биланс уште во 2005 година, е постара од 40 години“, додава заводот за ревизија.

Можеби ќе ве интересира

Лекарите бараат капитациски бод од 100 денари

Лекарите бараат капитациски бод од 100 денари

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари - смртни последици“

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари - смртни последици“

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Изгоре фабрика за полиестер во село Неготино

Изгоре фабрика за полиестер во село Неготино

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија