АЈФЕЛОВА КУЛА ВО ПЛАМЕН - евакуирани 1200 луѓе, пожарот најверојатно настанал поради прегревање на кабел
Објавено во: Свет 24 Декември, 2024
Ајфеловата кула е во пламен, пренесуваат медиумите повикувајќи се на очевидци и француските медиуми Frontières и Булевар Волтер.
Полициски извор изјави за булеварот Волтер дека околу 1.200 луѓе се евакуирани.
Environ 1200 personnes ont été évacuées. Les sapeurs pompiers auraient identifié l’origine des flammes : il s’agirait d'une surchauffe de câble. (Source policière à BV).
— Julien Tellier (@JulienTellier__) December 24, 2024
Причина за пожарот, велат, е прегревање на кабелот, пренесува Metro News.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да споделуваат дека биле замолени веднаш да ја напуштат кулата.
- Добивме порака веднаш да се евкуираме - напиша корисник на „Х“, поранешен Твитер.
Ајфеловата кула во Париз дневно има просечно по 25 илјади посетители, пренесува Метро.
Eiffel Tower fire sparks mass evacuation but 'firefighters unable to access the flames'https://t.co/tm9h9Ca20I pic.twitter.com/lsIhEG85hm
— Daily Star (@dailystar) December 24, 2024
Фото: Принтскрин/Х