(ВИДЕО) ВООРУЖЕНИ МАЖИ ЗАПАЛИЈА БОЖИЌНА ЕЛКА ВО СИРИЈА: Сиријците излегоа на протести, стравуваат дека новата власт ќе ги тероризира христијаните
Објавено во: Свет 24 Декември, 2024
Сиријците протестираат по палењето на божиќната елка.
Демонстрантите излегоа на улиците на главниот град Дамаск и на други места во Сирија, откако вооружени мажи запалија новогодишна елка во градот Ал-Сукајлабија, објави денеска германската агенција dpa.
„Сите скандираа барајќи заштита на христијаните во Сирија“, рече Самер Елиас, кој се приклучил на протестот во Дамаск уште во понеделникот вечерта.
Безбедносен извор во провинцијата Хама, во која спаѓа Ал Сукајлабија, изјавил за dpa дека две лица го запалиле божиќното дрво и дека едното од нив наводно е уапсено.
Граѓанската војна во Сирија изби во 2011 година по протестите на сунитското муслиманско мнозинство против секуларниот режим на претседателот Башар ал-Асад од социјалситичката партија БААТ, кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница а ја имаше поддршката од христијаните, етноконфесионалната заедница Друзи, секуларистите, а со Курдите во минатото одржуваше соработка. Претходно овој месец, бунтовниците помогнати од туските сили во Сирија а предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), поранешно сириско крило на џихадистичката терористичка мрежа Ал Каеда, започнаа молскавична офанзива во која остварија големи територијални придобивки и го зазедоа главниот град Дамаск.
Earlier today, armed extremists set fire to a Christmas tree in Suqaylabiyah in Hama, Syria. Local channels say they were Uzbek militants.
— The Cradle (@TheCradleMedia) December 23, 2024
HTS apologized for the incident and promised to deal with any future threats, but many Christians do not believe this will happen. pic.twitter.com/1Op98CUmTB
Водачот на HTS, Ахмед ал-Шара, попознат како Мухамед ал-Џолани поранешен близок соработник на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ISIS) вети умереност и почитување на верските малцинства. САД во понеделникот ја повлекоа наградата од 10 милиони долари за информации кои ќе придонесат за апсење или ликвидирање на ал-Шара.
Но, свештеникот Ендрју Бахи во Дамаск изрази загриженост за тоа како ќе ги третираат христијаните во Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад.
„Имаме право да се плашиме. Во текот на годините, населбите (претежно христијански) во источен Дамаск беа погодени од стотици гранати (истрелувани од позициите на исламистите во предградијата – з.р.) и ние издржавме во нашите домови, но сега атмосферата е нејасна. Постои конфликт и контрадикторност меѓу зборовите и постапките“, предупредува Бахи.
Во соседен мнозински шиитски Ирак, по американската инвазија и соборувањето на сунитскиот диктатор Садам Хусеин, на удар на сунитските радикални групации се најдоа токму тамошните христијани чијашто бројка сега е сведена на речиси еден отсто.