05 Декември, 2025
0.2072

АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО АПРИЛ СКОКНАА ЗА 18 ОТСТО - дали сега се случува затишје пред бура пред можен влез на српска банка

Објавено во: Финансии 07 Мај, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

Акцијата на Стопанска банка Битола имала најголем раст во претходниот месец, односно во април оваа година. Тоа го покажува најновиот месечен билтен на Македонската берза. Имено, само за еден месец, април, акцијата на Стопанска банка Битола пораснала за близу 18 проценти, што е највисок раст од котираните друштва, бидејќи на првиот ден на април нејзината просечна цена на редовното берзанско тргување изнесувала 3.300 денари за акција, додека, пак, на последниот ден на тој месец просечната цена на акцијата достигнала 3.893,44 денари.

За волја на вистината, во првите неколку дена од мај акцијата на оваа банка ја намалува својата цена, а не се случуваат ни блок трансакции, што може да се третира и како извесно затишје пред бура, после претходното силно раздвижување.  

Како што е познато, крајот на април всушност и ја означи јагмата за акциите на Стопанска банка Битола. Порасна и цената на редовниот берзански пазар, достигнувајќи 3.920 денари на 29 април, што беше и всушност пикот, а цената потоа почнува да оди надолу.

Токму во последните неколку дена од април се случија и драматични блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола. Тоа беше причина и Фактор да се заинтересира на што се должат овие сопственички турбуленции, а нашите неофицијални сознанија говорат дека една српска банка е сериозно заинтересирана да ја купи Стопанска банка Битола, како и дека на Берзата преку блок трансакции во последните денови купувал извесен српски инвеститор, кој е во релации со таа српска банка.

Имено, во вторникот минатата недела, на 29 април, поминаа четири блок трансакции со акциите на Стопанска Битола, и тоа еден поголем пакет од 4,97 проценти, и три поситни и тоа 0,35 отсто, 1,59 проценти и 0,24 отсто. Во првиот блок поминаа 19.439 акции, по цена од 3.777 денари за акција, што е пониска цена за акциите од блокот кој помина претходно, и за него се платени вкупно 1,2 милиони евра. Пакетот од 1,59 отсто доживеа многу повисока цена, и тоа највисока досега, односно 5.543 денари, така што за 6.230 акции платена е вкупна сума 562 илјади евра. За третиот пакет од 0,35 отсто или количина од 1.357 акции беше платена цена од 5.000 денари по акција односно вкупна сума од 110 илјади евра, и за четвртиот пакет од 0,24 отсто, платено е за акција по 5.543 денари, или тоа е вкупна сума од 83 илјади евра. Или, доколку истиот купувач ги купил сите овие пакети, за нив платил безмалку два милиони евра. 

Претходно се продаде пакет од 4,99 отсто од акциите на банката, за сума од 1,5 милиони евра. Ова следуваше откако пред десетина дена се продаде исто толкав пакет за 1,07 милиони евра, а преку блок поминаа и 0,35 отсто од капиталот.

Од Стопанска банка Битола неодамна до акционерите упатија порака да не наседнуваат на шпекулации, како и дека за секој пакет над 5 отсто што би се продал, согласност треба да даде Народната банка.

На ЦДХВи вчера можеше да се забележи дека во Стопанска банка Битола единствен акционер со над 5 проценти е „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто, и која, пак, заедно со неа блиската фирма „Тимох“, непосредно контролира 21,85 отсто од акционерскиот капитал.

Според достапната акционерска структура на банката пред околу една година кога беше актуелна понудата од Комерцијална банка, а која сега сигурно е изменета, своевремено Трајан Маслалковски располагаше со пакет од 4,99 отсто од акциите, Тони Јосифовски имаше само една акција помалку, што исто одговараше на 4,99 отсто, Ненад Јосифовиќ располагаше со 4,93 отсто од акциите, комманијата ДПТУУ Тимох ДОО Скопје поседуваше 4,86 отсто, холдингот ОРКА, пак, имаше пакет од 4,68 отсто, друштвото Нет електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје имаше во сопственост 4,15 отсто, Скопски пазар 4,10 отсто, Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ имаше 3,85 отсто, и акционерот Русе Иљоски поседуваше 3,67 проценти. 

А, српската банка која е заинтересирана за влез во Стопанска Битола, во 2023 година имаше трикратен раст на приходите и на нето добивката во однос на 2022 година, односно финансиските податоци за српската банка покажуваат значителен раст во последните три години за кои можат да се најдат податоци на интернет.

Стопанска банка Битола, по одличната 2024 година, и во првото тримесечје од оваа година продолжува со многу солидни финансиски резултати, завршувајќи го кварталот со нето добивка од 326 илјади евра. Според банката, оваа добивка е значајно остварување, доколку се има предвид дека Банката работеше со загуба од 841 илјади евра во истиот период од минатата година.

Како што е познато, минатата година Комерцијална банка до сите акционери на Стопанска банка Битола достави понуда за преземање, но во септември дефинитивно пропадна обидот за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка. Комерцијална банка понуди на сите акционери на Стопанска банка Битола да ги откупи нивните акции по цена од 3.200 денари за акција. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката