11 Ноември, 2025
0.2262

Акциите на Волстрит растат: Договорот меѓу AMD и Open AI поттикнува оптимизам, растат и цените на нафтата

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2025 09:53

Добивај вести на Viber

На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс малку падна во понеделникот, додека „S&P 500“ и Насдак достигнаа нови рекордни максимуми, благодарение на порастот на цените на акциите на неколку технолошки компании кои развиваат вештачка интелигенција. 

Индексот Дау Џонс падна за 0,14 проценти на 46.694 поени, додека „S&P 500“ порасна за 0,36 проценти на 6.740 поени, а индексот Насдак порасна за 0,71 процент на 22.941 поен.   

Цената на акциите на АМД скокна најмногу вчера, повеќе од 20 проценти, по веста дека производителот на чипови постигнал договор за снабдување на Опен АИ и дека компанијата што го создаде Чет ГПТ (ChatGPT) ќе купи 10 проценти од акциите на АМД.  

Бидејќи немаше други значајни вести, тргувањето беше мирно. Особено затоа што немаше значајни економски извештаи, со оглед на тоа што федералните услуги се привремено затворени шести ден откако републиканците и демократите во Конгресот не успеаја да постигнат договор за понатамошно финансирање на овие услуги.  

Инвеститорите не се премногу загрижени за привременото затворање на федералните услуги бидејќи тоа се случува речиси секоја година во ова време и досега немало значително влијание врз економијата и финансиските пазари.  

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека штетата може да се направи ако продолжи овој застој.  Пазарот е поддржан од надежите на инвеститорите за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.  

Со оглед на тоа што сите најнови податоци од пазарот на трудот укажуваат на слабост на овој пазар, повеќето аналитичари проценуваат дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки уште двапати за 0,25 процентни поени до крајот на годината.  

На европските берзи, цените на акциите паднаа вчера. Лондонскиот индекс ФТСЕ ослабе за 0,13 проценти, на 9.479 поени, додека франкфуртскиот Дакс (DAX) се лизна за 0,01 процент, на 24.378 поени, а парискиот ЦАЦ (CAC) за 1,36 проценти, на 7.971 поен.

Што се однесува пак до „црното злато“, нафтата денеска се тргуваше за над 65 долари за барел откако големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината.

На Лондонската берза денеска барел нафта се тргуваше за 79 центи повеќе од вчерашните 65,32 долари.

Додека на Американската берза, цената на нафтата се зголеми за 69 центи и барел нафта се тргуваше за 61,57 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници одлучија во ноември да пласираат на пазарот дополнителни 137.000 барели нафта дневно. 


Можеби ќе ве интересира

НАЈМНОГУ НОВИ ОБЈЕКТИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН - нов раст на бројот на одобренијата за градба

НАЈМНОГУ НОВИ ОБЈЕКТИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН - нов раст на бројот на одобренијата за градба

ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОЈУВААТ“ МАКЕДОНИЈА - убедливо најголем број туристи во септември пристигнаа од Турција

ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОЈУВААТ“ МАКЕДОНИЈА - убедливо најголем број туристи во септември пристигнаа од Турција

Позната минималната сума за оваа година: До крајот на 2025 исплата на К-15

Позната минималната сума за оваа година: До крајот на 2025 исплата на К-15

ИСПЛАТИТЕ ОД ИПАРД 3, НЕ МОЖЕ ДА ГИ СТОПИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА: СДСМ открива дека тоа го прави НОА, за да ги заштити средствата

ИСПЛАТИТЕ ОД ИПАРД 3, НЕ МОЖЕ ДА ГИ СТОПИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА: СДСМ открива дека тоа го прави НОА, за да ги заштити средствата

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - идната година со поголемо портфолио и 200 нови работници

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - идната година со поголемо портфолио и 200 нови работници

„ИМА ДА ОДГОВАРААТ СИТЕ, ОД ПРВ ДО ПОСЛЕДЕН“: Мицкоски вели дека лично побарал да се сопрат средствата од ИПАРД фондовите

„ИМА ДА ОДГОВАРААТ СИТЕ, ОД ПРВ ДО ПОСЛЕДЕН“: Мицкоски вели дека лично побарал да се сопрат средствата од ИПАРД фондовите

БАФЕТ ДОНЕСЕ ТЕШКА ОДЛУКА: „Веќе нема да пишувам писма, ниту да зборувам на годишниот состанок на компанијата“

БАФЕТ ДОНЕСЕ ТЕШКА ОДЛУКА: „Веќе нема да пишувам писма, ниту да зборувам на годишниот состанок на компанијата“

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

Колку заработи новиот градоначалник на Крушево од бизнисот со познатиот крушевски локум?

Колку заработи новиот градоначалник на Крушево од бизнисот со познатиот крушевски локум?