АКЦИЈА „Урака 1“: Македонски државјанин падна во раце на албанската полиција
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Илбер Сума родум од Скопје падна во раце на албанската полиција.
Причината за негово апсење според наведување полициско соопштение е нелегална трговија со оружје и муниција.
Сума има живеалиште во Косово, односно село Димце, општина Хан Елези
Акцијата спорд коосвската полиција се одвивала под името „Урака 1“ .
Во соопштението на полицијата пишува дека близу Ќафасан е уапсен 32 годишниот И. С.
- По подолга истрага и следење на осомничени лица членови на криминална група за недозволена трговија на оружје и муниција, финализирана е акцијата „Урака 1“. При контрола на автомобилот марка „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, управувано од лицето И.С. кај градот Прењас, во близина на преминот Ќафасан, откриени се два пиштола и куршуми за нив, стои во полициското соопштение.
Уапсениот И.С. потврдува албанската полиција, оружјето и муницијата нелегално ги внесол од Македонија, со цел во Елбасан да ги продаде по 500 евра за парче (по пиштол).
Тој ќе одговара пред Судот за тешки кривични дела во Тирана.