05 Декември, 2025
0.1133

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА ЌЕ БИРААТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве зошто академик Камбовски доби позитивно мислење

Објавено во: Финансии 02 Октомври, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

ТТК банка ќе бира нови членови на Надзорниот одбор. За 5 ноември е закажано Собрание на акционери, на кое ќе треба да се изберат новите позиции на ова значајно тело на банката.

Покрај ова, ќе се разгледува и мислењето за еден од членовите на Надзорниот одбор, Владо Камбовски, кое било побарано и дадено од овој орган, а кое е позитивно во смисла на неговото повторно именување на таа функција. 

Банката ги повикува акционерите да учествуваат во работата на Собранието. Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 отсто од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките, а можат да достават и предлози за вклучување нови точки, најдоцна до 9 октомври. 

На ноемвриското Собрание на акционери ќе се бираат петмина нови членови на Надзорниот одбор, од кои еден ќе биде независен член, а нивните мандати ќе стартуваат или од март или од април следната година, а ќе траат по четири години. Нивните имиња засега не се обелоденуваат во предлог одлуката на Собранието на акционери.

Потоа членовите на Надзорниот одбор, од своите редови, избираат претседател и заменик претседател. Одлуката што ќе се изгласа предвидува дека на членовите на Надзорниот одбор ќе им се определи награда за ангажирање и учество во работата на седниците на НО, во согласност со Одлуката за утврдување на висината на надоместокот. 

Од ТТК банка образложуваат дека Надзорниот одбор го сочинуваат седум члена, а најмалку една четвртина од членовите на Надзорниот одбор мора да бидат независни. Во моментов членови на Надзорниот одбор, кои се изгласани од Собранието на акционери, и по добиени претходни согласности од Гувернерката, се Бобан Гоговски, кој е и претседател, потоа Евгенија Трпкоска, Драгица Јовановска, Трим Ќемали, Златко Черепналкоски, како и Арсен Јаневски и академик Владо Камбовски, кои се независни членови. 

Мандатот на петте члена на Надзорниот одбор и тоа Бобан Гоговски, Евгенија Трпкоска, Драгица Јовановска, Трим Ќемали и Арсен Јаневски, истекува во текот на март и април 2025 година. Мандатот на останатите два члена на Надзорниот одбор на Банката, Златко Черепналкоски и Владо Камбовски, во согласност со издадените претходни согласности, им истекува во текот на 2026 година и 2028 година.

Според Законот за банките, исто лице не може да биде независен член на Надзорниот одбор во иста банка подолго од три последователни мандати. На членот на Надзорниот одбор Арсен Јаневски, пак, претходно му бил определен трет мандат, со што не може повторно да биде именуван за независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка. 

„Имајќи ги предвид одредбите од Законот за банките, одредбите од Статутот на Банката и времетраењето на мандатите на петте члена на Надзорниот одбор, се предлага Собранието на акционери на Банката да изврши именување на пет члена на Надзорниот одбор на Банката, од кои најмалку еден независен“, се вели во образложението. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, податоците за секој предложен член на Надзорниот одбор треба да им бидат достапни на акционерите најдоцна седум дена пред Собранието да пристапи кон избор. 

А, акционерите ќе го разгледуваат и мислењето дадено за академик Владо Камбовски, бидејќи во јули годинава Собранието на акционери на ТТК Банка донесе одлука со која тој беше повторно именуван за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од септември оваа година. И, според правилата за добро корпоративно управување во банка, пред повторно именување постоен член на Надзорниот одбор се врши оцена на соодветност на кандидатот за член. 

На ова барање Надзорниот одбор дал позитивна оценка, по претходно добиена предлог оцена за Камбовски од страна на Одборот за именување.

„Тој изврши анализа на знаењето и искуството на предложениот кандидат, на репутацијата што ја поседува, на објективноста и на независноста, како поединечно така и заедно со останатите членови на Надзорниот одбор, при што позитивно оцени дека предложениот кандидат ги исполнува соодветните критериуми за соодветност за остварување на функцијата независен член на Надзорниот одбор во Банката“, се вели во мислењето.

Инаку, како што веќе има пишувано Фактор, Владо Камбовски е етаблиран доктор на правни, науки, академик, а своевремено и министер за правда. Покрај тоа, овој 76 годишен битолчанец се покажа и како врвен инвеститор во акции. Конкретно, неговите вложувања во акции на Комерцијална банка и на ТТК Банка денеска вредат над 1,5 милиони евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката