„АКО ИМАШ ОПАШКИ ВО ЖИВОТОТ, НЕ СЕ ЕКСПОНИРАЈ“: Д-р Пановски за случајот со директорот на неврологија
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 07:20
Не стивнуваат реакциите за директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, кој беше објавен како меша бела прашкаста материја.
Се огласи познатиот доктор Никола Пановски кој рече дека ако некој има порок, големи грешки во животот или нешто друго, никако не смее да се истакнува ии експонира во јавноста.
„Ако имаш порок, фалсификат диплома или големи грешки во животот, не се истакнувај, седи си мирен, последиците можат да бидат страшни.
Во врска со случајот на професорот невролог и прашокот, ми текна на случајот од девеесеттите години на минатиот век, кога директорот на една болница во Македонија, по откривање на една негова тајна, си го одзеде животот. Имено, тој човек беше за пример во секој поглед. Служевме заедно во СОШ во Белград. Беше прогласен за најдобар питомец во школата. Студирал медицина во Белград. Потоа специјализираше на МФ во Скопје со одличен успех, заврши постдипломски во Загреб, се вработи во големата болница во еден голем град во РМ, каде што беше и роден. Одличен специјалист и лекар, омилен кај народот. Го поставија за директор на болницата. Да не се истакнуваше толку, односно да не станеше директор, сега ќе уживаше во пензија со внучињата. Ама тогаш излезе страшната вистина. Го пријави некој близок. Дипломата од МФ Белград е фалсификат. Точно е дека се запишал, почнал, положил два три испита, и повеќе не се појавил. Останал во Белград, учел испит по испит, и знаеше многу медицина, што го покажа и во СОШ и потоа во кариерата. Стигна писмото од Белград, министерот го разреши од директор, доби отказ. Јавноста полуде иако немаше тогаш социјални мрежи. Докторот си пресуди, си го одезеде животот, на неполни 40 години, а беше полн со вештини, знаење и со амбиции, но без диплома. "Зборот уби човек" беше некако насловот во тогашниот весник Пулс, од новинарот Ризаов.
Да не беше директор, да не беше член на партија, професорот, невролог, видеото кој скришно го снимил некој нечовек и монструм, немаше да вреди пет пари.
Исто ни се случува во спортот, на пример во тенисот. Се пријавуваат понекогаш да играат на првенства за доктори лица кои немаат завршено некој факултет од медицинските науки, или играат на ветерански првенства, на пример за возраст од над 50 години, а немаат толку. А ние организаторите сме џентлемени, веруваме на збор. И се е во ред, ако тие играчи фалсификатори, изгубат во прво или второ коло, ама ако стигнат до полуфинале, е тогаш некој ќе ги пријави и ќе се открие лагата.
Затоа, ако имаш опашки во животот, грешки и фалсификати, не се експонирај, последиците се страшни, јавноста е немилосрдна“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




