22 Ноември, 2024
0.0299

АКО НА ГЕРМАНЦИТЕ ИМ Е СКАПО, ШТО ОСТАНУВА ЗА ДРУГИТЕ: „На поскапувањата на Јадранот им нема крај“

Објавено во: Финансии 14 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Летово во земјите од кои традиционално најмногу туристи пристигнуваат во Хрватска, се шпекулира за големо поскапување на Јадранот. Нови лист пишува дека германскиот портал за резервации Kroati.de направил анализа на цените во Хрватска, како и истражување во кое дури 81 отсто од испитаниците се изјасниле дека Хрватска станала скапа дестинација.

Според тој портал, цените во Хрватска веќе подолго време растат и не му се гледа крајот. Германските туристи кои летуваат во Хрватска се зачудени, а некои дури и изнервирани од ваквиот раст.

„На поскапувањето не му се гледа крајот“

„Цените на храната, услугите и слично растат со месеци, без видлив крај на овој раст. Политичарите негираат дека за ова е виновна воведувањето на еврото, но ако се погледне добро, всушност постојат неколку фактори кои придонесоа за овој развој“, пишува порталот Kroati.de.

Тие наведуваат дека хрватската економија се уште се бори со енергетската криза и инфлацијата, кои неминовно доведоа до севкупен раст на цените.

„Затоа, дополнителното префрлање на валутата на еврото на 1 јануари 2023 година дојде во најлош можен момент. Сепак, хрватската влада работи на развивање стратегии за справување со овие предизвици и за обезбедување на економска и ценовна стабилност“, пишуваат тие.

Пет главни поплаки на германските туристи

Истиот портал наведе пет главни поплаки на германските туристи. Велат дека голем број закупувачи на станови значително ги зголемиле цените за сместување. Исто така, тоа вртоглаво растечки цени доведе до поплава од откажувања. Многу намирници се многу поскапи отколку во Германија или Австрија, особено зеленчукот. Понатаму, цената на ручекот или вечерата е зголемена за 20 отсто, а на кафето и другите пијалоци за 25 отсто. И на крај велат дека воведувањето на еврото довело до незаконско прилагодување на цените во угостителството.

„Преминот од хрватската куна во еврото беше искористена како дополнителна можност за зголемување на цените, во некои случаи и до 50 отсто повеќе во споредба со претходната година, без забележително подобрување во услугата. Оваа ненадејна корекција на цените предизвика оправдана огорченост на многу туристи.Иако резервациите за шпицот на сезоната беа добри во првите месеци од 2023 година, вртоглавиот скок на цените доведе до поплава од откажувања“, пишува германскиот портал.

Најмногу шокирани од високата цена на зеленчукот

Цените, велат, многу поскапеле и во хрватските супермаркети. Тие наведуваат дека просечните цени во пекарите поскапеле за околу 15 отсто, додека кај производите на мало како млекото, пилешкото месо и пивото поскапеле во просек за околу 17 отсто.

Велат дека особено е забележливо поскапувањето на зеленчукот. Кељот поскапе за 188 отсто, црвениот кромид за 95 отсто, лимонот за 90 отсто, портокалите за 89 отсто, јаболката за 86 отсто, морковот за 80 отсто.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?