АКО НЕМАТЕ РЕГИСТРИРАНО ОДГЛЕДУВАЧНИЦА, КУЧЕТО ЌЕ МОРА ДА ГО СТЕРИЛИЗИРАТЕ - се крои нов закон за решавање на проблемот со бездомните животни

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2023
За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница или регистриран сопственик на куче), да го стерилизираат, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во интервју за МИА.
Како што напоменува Бабовски, нема да биде дозволено држење куче кое е репродуктивно способно, освен ако не се работи за одгледувачница за кучиња или регистриран сопственик на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци). Крајната цел е јакнење на принципите за одговорно сопствеништво на домашните миленици и намалување на бројот на бездомни кучиња.
– Прв пат оваа година со Наредбата за здравствена заштита на животните дадена е обврска на општините да направат проценка на популација на кучиња. Заловувањето на кучињата е независно од проценката и треба да се одвива тековно, а не да се чека исходот за проценката, односно треба да се реализира врз основа на веќе донесените планови и програми за заловување. Врз основа на оваа проценка општините треба да го направат планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња за наредната година. До овој момент проценка има направено и доставено до АХВ само општина Конче. АХВ е во координација со ЈП „Лајка“ да се направи ваква проценка за Град Скопје. Техничка помош за методологијата побара прифатилиштето од Општина Струмица, со која АХВ е во координација за да ја спроведат проценката. Во однос на каснувањето на кучиња, одговорноста за проценка на агресивност на кучињата и постапките со опасните кучиња пред да се вратат на улица е на општинското прифатилиште и се спроведува од страна на овластени лица, а за сопственичките кучиња, тоа е обврска на сопствениците на кучињата кои каснале човек – вели Бабовски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски е гневен на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Млад скопјанец со украден автомобил прегазил жена и избегал

Полицијата го приведе лицето кое со автомобил сакало да удри во возилото на градоначалникот на Гази Баба

„ДЕЛ ГИ ДОНЕСОВ ВО ВМРО, ДЕЛ РАСТЕА ПОКРАЈ МЕНЕ“: Груевски гневен на Мицковски и на раководството на партијата

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите
